5 прехранбени продукти што ќе го подобрат вашето, но и здравјето на вашето куче
Многу видови човечка храна се штетни за вашето милениче. Но, постојат некои продукти кои се одлични и за вас и за вашето куче. Додавањето на овие продукти во исхраната на кучето ќе му ги овозможи сите хранливи материи што му се потребни. Не само што ќе го израдувате со новиот вкус, туку ќе се подобри неговата кожа, имунитет, дигестија…
За овие продукти не ви е потребно никакво дополнително приготвување, што значи ќе заштедите многу време. Исто така можете да проверите и во која храна за кучиња ги има овие состојки доколку не можете да ги набавите свежи.
Секогаш кога планирате да ја менувате исхраната на кучето или да вметнете нешто ново, најдобро е да се консултирате со ветеринар. На овој начин ќе знаете дали промената е целосно безбедна за вашето милениче.
1. Масло од лосос
Можеби веќе знаете дека маслото од лосос може да ја направи вашата коса прекрасна. Но истовремено лососот може да ја подобри и состојбата на крзното на вашето куче. Овој вид риба е богат со омега 3 масни киселини кои го подобруваат здравјето на кожата, крзното и целокупното здравје.
2. Брусница
Брусниците се одлични за здравјето на вашето куче. Тие имаат антиоксиданси и антивоспалителни својства, а истовремено го одржуваат здравјето на уринарниот систем.
3. Боровинка
Познато е дека боровинките се како суперхрана за луѓето бидејќи се богати со витамини А, Ц, Е и К, а полни се и со антиоксиданси. Поради ова тие се одлична ужина за вашето милениче и ќе го подобрат здравјето на неговите зглобови и коски.
4. Екстракт од корен од цикорија
За разлика од познатата суперхрана, како на пример боровинките, коренот од цикорија е нешто што ќе го најдете само доколку го барате. Ова растение е богато со манган што може да направи чуда за здравјето на мозокот. Кога станува збор за здравјето на вашето куче, може да ја подобри апсорпцијата на хранливите материи и да воспостави рамнотежа во бактериите во неговиот стомак благодарение на пробиотиците.
5. Зелени школки од Нов Зеланд
Овие школки имаат омега 3 масни киселини и антивоспалителни својства. Покрај тоа, тие се природен извор на глукозамин, хондроитин и лизин – состојки што се одлични за зглобовите на кучето. Колку „поподмачкани“ се неговите зглобови, толку повеќе ќе може да трча.
Погледнете ги и правилата со кои можете да му го продолжите животот на вашето куче.