5 одлуки кои можете да ги донесете уште денес за да водите посреќен и поисполнет живот

5 одлуки кои можете да ги донесете уште денес за да водите посреќен и поисполнет живот

Колку често ви се случува да застанете и да се запрашате дали сте среќни овде каде што сте, на приватен, работен или љубовен план? Сосема е нормално дека секој од нас во еден момент се запрашува дали тоа е тоа. Дали нашиот живот е само магичен круг во кој учиме, одиме на работа, плаќаме сметки и се обидуваме да пронајдеме време за пријателите, за семејството, за забава и за сон? Животот е повеќе од сума дневни обврски кои ги извршуваме, но за таа среќа и исполнет живот е понекогаш потребно да вложите малку повеќе труд. Затоа денес ви откриваме 5 одлуки кои можете да ги донесете веднаш, за да живеете подобро и посреќно! Можеби ќе ви биде потребно само малку време и вежбање, но сигурно ќе вреди.

1-5-odluki-koi-mozhete-da-gi-donesete-ushte-denes-za-da-vodite-posrekjen-i-ispolnet-zhivot-www.kafepauza.mk_

1. Донесете одлука да… живеете во моментот

Забавете и фокусирајте се на она што се случува пред вас. Кога сте во друштво, не гледајте во телефонот на секои пет минути. Со други зборови, посветете целосно внимание на она што го правите. Не можете да бидете среќни ако сте растроени или загрижени заради нешто. Ценете ја убавината на секој момент, бидејќи многу брзо ќе помине.

2. Донесете одлука да… бидете она што сте

Одвојте малку време за да се запознаете подобро. Дали ја слушате музиката која ја слушате само затоа што навистина ви се доаѓа или затоа што ја слушаат сите? Истото важи и за другите работи. Доколку постојано се обидувате да бидете нешто што не сте за да ги задоволите очекувањата на другите, сигурно набрзо ќе останете без енергија и животна радост.

3. Донесете одлука да… ги следите вашите соништа

Не откажувајте се од вашите соништа! Дури и ако не успеете во нешто, барем нема да се прашувате „Што би било, кога би било…“ Ако ги редите вашите соништа на полица, никогаш нема да бидете целосно среќни.

2-5-odluki-koi-mozhete-da-gi-donesete-ushte-denes-za-da-vodite-posrekjen-i-ispolnet-zhivot-www.kafepauza.mk_

4. Донесете одлука да… посветите повеќе време на луѓето кои ги сакате

Одвојте време за луѓето кои ги сакате, не одложувајте постојано за подоцна. На крајот од денот, тие луѓе се поважни од што било. Затоа свесно посветете повеќе време на вашиот партнер, сестра, брат, родители, најдобри пријатели или домашни миленици. Нека знаат колку ви се важни, бидејќи кога ширите среќа, таа ќе ви се врати.

5. Донесете одлука да… се смеете самите на себе

Не сфаќајте го животот премногу сериозно! Ставете насмевка на лицето дури и кога ќе се најдете очи во очи со вашите грешки и недостатоци. Бидете необично свои и смејте се. Смеењето е најдобриот лек за сѐ! Знаете како велат: „Животот е краток!“. И затоа секогаш тежнејте кон тоа да бидете исполнети и среќни.

Време е да приготвите нешто весело и слатко, а за тоа ќе ви бидат потребни клучните состојки за среќен живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар