5 одлични трикови за справување со прашината во домот
За чистењето да ви биде поефикасно и за домот подолго да ви останува чист по „генералката“, почнете да ги применувате следниве 5 едноставни трикови, кои многу помагаат.
1. Направете провев
Со помош на правосмукалката ќе ја соберете прашината од вашиот под и од тепихот, но кога ќе блесне сонцето јасно се гледа како честички прашина летаат на сите страни. За да го спречите повторното лепење на прашината од воздухот на мебелот и подот, отворете ги прозорците од сите страни во домот или пуштете го клима уредот во функција на вентилатор. На овој начин голем дел од честичките ќе ги изнесете надвор.
2. Направете антистатички крпи за прашина
Во половина чаша со топла вода исцедете 3 лимона, додајте 2 лажички маслиново масло и убаво измешајте. Од стара памучна маица или чаршав исечете неколку крпи и ставете ги во сад кој има капак. Одозгора полијте ги со мешавината, поклопете ги оставете ги да отстојат два часа. Потоа исцедете ги и исушете ги. Откако ќе се исушат комплетно, спремни се за употреба. Овие крпи ќе ја привлекуваат и собираат целата прашина од мебелот. Перете ги рачно, а после три користења, повторете ја постапката.
3. Детално исчистете ја правосмукалката
Иако нејзина функција е да чисти, во нејзиниот филтер се заглавуваат честички од прашина и при струењето на воздухот низ него тие повторно се враќаат назад. Еднаш месечно, детално и темелно чистете ја правосмукалката. Редовно менувајте го филтерот и со влажна крпа пребришувајте ја внатрешноста на правосмукалката.
4. Користете паметни домашни средства за чистење
Чистењето прашина, не се состои во тоа да ја раширите низ просторијата, туку да ја соберете и исфрлите. Во еден сад со половина литар вода ставете неколку капки етерично масло по ваш избор или маслиново масло. Крпата натопете ја и убаво исцедете ја, а потоа со неа пребришете ги дрвените и пластичните површини. За стакло користете мешавина од оцет и вода.
5. Тресете ги теписите
Теписите се главни собирачи на прашина и затоа е многу важно детално да ги исчистите. Правосмукалката го собира само површинскиот слој прашина. Еднаш месечно извадете ги теписите надвор и истресете ги убаво.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
MN. INTERESNI, PRAKTICNI SOVETI