5 одлични примени на лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косата

5 одлични примени на лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косата

Лимоните долго време се употребувале за нега на кожата и косата. Состојките од кои се составени делуваат ефикасно за прочистување на порите и отстранување на маснотиите, нечистотиите, мртвите клетки од кожата како и за намалување на црвенилото. Како природен извор на витамин Ц, лимоните исто така се употребуваат и за изедначување на тенот на кожата како и за намалување на точките кои укажуваат на стареење. Кога станува збор за косата, состојките во лимонот одлично ја прочистуваат и вашата коса и вашиот скалп и го намалуваат првутот.

5 одлични примени на лимонот како замена за продуктите за нега на кожата и косата

Но, пред да почнете со употреба на кој било од овие домашно подготвени продукти за убавина, прво тестирајте ги на внатрешноста од вашата рака со цел да дознаете дали вашата кожа е осетлива на некоја од состојките.

1. Длабинско чистење на кожата

Комбинирајте го сокот од 1/2 лимон со 1 супена лажица квалитетно маслиново масло во сад и измешајте ги добро со помош на виљушка. Додадете една супена лажица мед и мешајте сѐ додека не добиете средна густина, а потоа додадете 100 грама шеќер. Количината на медот и маслиновото масло може да варира во однос на тоа дали сакате да направите крема за лице која е погуста или потечна.

2. Маска за освежување на лицето

Комбинирајте 2 супени лажици природен јогурт со 1 супена лажица свежо исцеден лимон и добро промешајте. Додајте ја маската на вашето чисто лице и врат, избегнувајќи го пределот околу очите. Оставете ја да се исуши околу 20-30 минути за да почувствувате затегнување на лицето и вратот кои создаваат ефект на подигнување на кожата. Доколку сакате да го зголемите ефектот, можете да ја оставите на вашето лице и до 1 час по нанесувањето. Исплакнете прво со топла, а потоа со студена вода и нежно измасирајте го вашето лице пред да нанесете крема за хидратација.

3. Хидратација и чистење на косата

Комбинирајте 170 милилитри маслиново масло со 120 милилитри свеж мед и додадете 3 супени лажици од свежо исцеден сок од лимон. Откако ќе завршите со миењето на вашата коса со шампон, исплакнете и нанесете ја оваа мешавина од вашиот скалп кон врвовите на косата. Соберете ја косата во капа која топли или во пластична капа и оставете ја 30 минути. Исплакнете.

4. Заборавете на мрсната коса

Доколку имате мрсна коса, измешајте 60 милилитри лимонов сок со 120 милилитри вода и по секое бањање, плакнете ја косата со оваа мешавина. Таа ќе ѝ помогне вашата коса да изгледа посветло и поздраво.

5. Третман против првут

Измешајте во еден сад 120 милилитри лимонов сок со 60 милилитри кокосово масло и потоа измасирајте го вашиот скалп. Оставете да делува 15 минути и потоа измијте ја вашата коса со шампон и регенератор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар