5 одлични комбинации за летните фестивали

5 одлични комбинации за летните фестивали

Доаѓа лето, дали веќе имате план кои фестивали и концерти ќе ги посетите во и надвор од земјава? Како што наближува сезоната за настани на отворено, ви нудиме 5 супер комбинации за такви пригоди.

5 одлични комбинации за летните фестивали

1. Хипи девојка

Цветните корсети и летните концерти се како создадени едни за други. Искомбинирајте цветен корсет со фармерски кратки пантолончиња со висок струк и лесна наметка за да ве штити од вечерниот ветар. Комбинацијата завршете ја со ниски отворени сандали, ранец и ленти за коса во хипи стил.

5 одлични комбинации за летните фестивали

2. Макси фустан и цветна круна за женствен и впечатлив изглед

Оваа комбинација е совршена за девојките кои сакаат да бидат женствени без оглед на каков настан присуствуваат. За повпечатлив изглед одберете макси фустан кој одлично оди во комбинација со цветни аксесоари за коса како впечатлива цветна круна. Дополнете го изгледот со сандали на полна плута и еднобојна торба за преку рамо.

5 одлични комбинации за летните фестивали

3. Кул девојка

Овој изглед е за смелите девојки кои можат да носат кич парче облека или аксесоар и пак да изгледаат кул. Одберете ги најлудите хеланки кои ги имате, за оваа пригода одлични се флуоресцентните, и искомбинирајте ги со смела маичка со натпис и спортски обувки. За крај, одберете впечатлива капа и шарена торбичка за околу половина.

5 одлични комбинации за летните фестивали

4. Ретро рок ѕвезда

Искомбинирајте секси кратки пантолончиња, маичка со рок натпис и старки. Завршете го изгледот со чанта во индијански стил и марама за коса.

5 одлични комбинации за летните фестивали

5. Индијана Џонс стил

Фустан со цветен дизајн и тексас елек се совршена комбинација која може да ја надополните со плетен шешир, ранец и рамни сандали.

5 одлични комбинации за летните фестивали

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар