5 новогодишни одлуки за интровертите кои сакаат да го променат нивниот начин на размислување

5 новогодишни одлуки за интровертите кои сакаат да го променат нивниот начин на размислување

Ако сте личност која се истрошува од живеењето во екстровертен свет, не сте единствените. Многу интроверти ја црпат нивната сила од самотијата, тие се одлични слушатели и полни се со неверојатни идеи.

5 новогодишни одлуки за интровертите кои сакаат да го променат нивниот начин на размислување

Често овие луѓе се присилени да комуницираат со други. Но важно е да знаете дека нема ништо лошо во ова. Иако интровертите понекогаш ги бие лош глас, вистински благослов е да бидете во рамнотежа со себе и да ги забележувате работите. Овие новогодишни одлуки се одлични за вас доколку и вие спаѓате во категоријата интроверти.

1. Оставете го телефонот

Постојаното гледање во телефонот може да биде навистина удобно, особено во непријатна социјална ситуација. Но на овој начин испуштате многу убавина и возбуда. Почесто оставајте го вашиот телефон и свесно уживајте во светот околу вас. Ќе се изненадите од многуте пријатни искуства.

2. Зборувајте повеќе кога сакате

Може да биде навистина тешко да се присилите да зборувате со другите доколку сте интроверт. Но добра одлука е да зборувате повеќе во ситуации кога го сакате тоа. Овде може да станува збор за разговор со личноста која ви се допаѓа, застанување на ваша страна или поканување на некој пријател. Многу е добро кога ќе исполните некоја ваша потреба или желба.

3. Научете да се социјализирате без алкохол

Многу интроверти користат алкохол за да ги прикријат нивните несигурности во социјалните ситуации. Најчесто почнуваме да пиеме во тинејџерските години или на факултет и мислиме дека алкохолот може да ни даде социјални супермоќи. Но користењето на алкохол во вакви ситуации значи дека се сомневате во себе, без разлика дали сте трезни или не. Ако не сте горди и среќни со вашите навики за пиење, можеби треба да воспоставите самоконтрола. Па најдете друг начин да се чувствувате удобно кога им приоѓате на луѓето. Можеби ќе најдете интересна тема за разговор, ќе предложите некоја игра, ќе зборувате за некој филм и слично.

4. Почнете да поставувате намери

Запишете неколку афирмации кои ви овозможуваат да си кажете дека е во ред да бидете видени и слушнати. Кажувајте ги гласно секое утро и во текот на денот, за да соберете храброст да истапите. Кога ќе имате готова листа со афирмации, ќе ви биде полесно да одберете што да кажете, да правите или да чувствувате секое утро. Поради ова нема да се чувствувате изгубено или заглавено и ќе бидете поотворени за нови познанства и искуства.

5. Прифатете ја вашата интровертност

Оваа година одлучете да бидете вие – интровертот којшто сте. Променете ја вашата перспектива. Односно, ако ја гледате вашата интровертност како нешто негативно, обидете се да навистина да ја прифатите како дел од себе. Фокусирајте се на вашите многу силни страни, наместо на слабостите. Овде спаѓа независното работење, слушањето на другите, внимателното размислување и многу други добри особини.

Погледнете ги и новогодишните одлуки за девојките кои учат да се сакаат себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар