5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

Сакате да го преуредите вашиот дом и да внесете свежина во него, но не знаете на кој начин? Наместо да давате многу пари за мебел, одберете комбинација од бои кои ќе го разубават вашиот простор, со некои поевтини трикови, како менување на бојата на ѕидовите, прекривките или украсите. Не треба да претерувате со мешањето на две бои, за да не изгледа просторот премногу кич. Најпрво изберете неколку нијанси од бојата којашто сакате да преовладува, а потоа постепено додавајте детали во другата боја. Ви предлагаме 5 необични комбинации на бои, кои фантастично изгледаат во станбениот простор.

1. Тиркизна и беж

Оваа комбинација од бои делува релаксирачки и создава чувство на елеганција во просторот. Овие бои најдобро се вклопуваат во дневната и во спалната соба.

5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

2. Темнокафена и златна

Комбинирајќи ги овие две бои, ќе добиете раскошен и луксузен изглед на просторијата, особено доколку сакате африкански мотиви.

5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

3. Тиркизна и боја на зелен лимон

Овие две навидум неспоиви бои, можете одлично да ги комбинирате во вашата канцеларија или во детската соба. Доколку ги употребите на ѕидовите или тапетите, најдобар дезен се пругите.

5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

4. Светлосива и циклама

Комбинацијата од светлосива и циклама, ќе му даде младешки изглед на вашиот простор. Овие две бои можете да ги комбинирате и со црна и бела боја.

5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

5. Темнозелена и бледорозова (лаванда боја)

Оваа необична комбинација од бои, ќе ѝ овозможи смирувачки изглед на вашата бања, тераса или работен простор. Како додаток плус, во просторијата можете да ставите и голема вазна со лаванди и со тоа целосно да го освежите вашиот простор за живеење.

5 необични комбинации од бои кои ќе го освежат вашиот стан

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар