5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

Инстаграм, Твитер и ТикТок ви нудат различни совети за убавина и ве учат на трикови за шминкање кои, морате да признаете, доста ви го олеснија животот. Покрај тоа, социјалните мрежи се оние кои најчесто ги дефинираат модните трендови. Најновиот тренд е гласањето за најдобри парфеми на пазарот.

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

Во продолжение ви ги претставуваме најактуелните парфеми кои ги освоија за миг жените ширум светот.

1. Love, Don’t be shy од Kilian

Парфемот изобилува со неодоливи слатки ноти на портокал, ванила и маршмелоу и е еден од фаворитите на Ријана.

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

2. Baccarat Rouge 540 од Maison Francis Kurkdijan

Овој парфем стана вистински хит благодарение на ТикТок. Станува збор за мирис кој содржи ноти на јасмин, шафран и кедар. Сите кои што го пробале ќе ви кажат дека навистина е долготраен.

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

3. Red Temptation од Zara

Иако можеби не е толку софистициран како другите парфеми на оваа листа, сепак овој парфем потсетува на скапи и рафинирани парфеми и е подостапен за пошироката потрошувачка публика.

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

4. Gypsy Water од Byredo

Парфемот се карактеризира со ноти на лимон, бибер, бобинки и бергамот. Инфлуенсерките го опишуваат како освежувачки и долготраен.

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

5. Replica Beach Walk од Maison Margiela

Се работи за апсолутниот фаворит меѓу парфемите на ТикТок. Овој парфем содржи цитрусни ноти со мешавина од кокосово млеко, бергамот и бибер.

5 најпопуларни парфеми на социјалните мрежи кои ги освоија срцата на жените ширум светот

Откако прочитавте кои се 5-те најпопуларни парфеми на социјалните мрежи, можеби ќе сакате да ги прочитате и нашите  совети за купување и нанесување парфем.

Извор: lepotaizdravlje.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар