5 мудри совети од жените во Данска: Тие се најсреќните на светот бидејќи се однесуваат вака!
Ако сакате да го посетите најсреќното место во светот – одете во Данска. Односно, Данска веќе со години се наоѓа на врвот на листата со земји во светот во која живеат најсреќните луѓе. Затоа тие споделија 5 совети за посреќен живот кои лесно може да се следат.
1. Уживајте во малите работи
Сомелете свежо кафе и уживајте во секоја голтка. Изедете го печивото. Застанете и помирисајте ги ружите во маркетот. Не проверувајте ги работните пораки во текот на целиот викенд. Облечете ги оние нереално меки чорапи и уживајте во чувството кое ви го даваат. Прочитајте го весникот во мир. Во еден обичен ден, на пример вторник, замотајте се во ќебе во вашиот топол дом, после работното време и почестете се со чаша вино. Доживејте ги тие едноставни, мали уживања кои го прават животот прекрасен, а можат незабележано да поминат доколку не внимаваме.
2. Прегрнете ги дождливите денови
Жителите на Данска знаат како е да се има дождливо, тмурно и ладно време, долг, долг период. И тоа не ги спречува да бидат најсреќните во светот. Како им успева тоа? Па, дождливите денови се совршен изговор за читање книга. Студените ноќи? Уште една причина плус за да ги повикате пријателите кај вас. Данците се многу енергични и големи ентузијасти кога станува збор за пронаоѓање добри нешта дури и во најтемните денови.
3. Јадете соодветна храна
Данците сакаат да јадат соодветна храна, таква каква што сигурно би ја одобриле нашите баби – на пример, печено месо и компир. Секако дека тие нема да ја јадат секој ден оваа иста храна, но сигурно е дека не бегаат од неа.
4. Создадете среќен и пријатен дом
Според едно истражување од Универзитетот во Лондон, гледањето убави работи нè прави посреќни. А, да имаат пријатен дом исполнет со убави работи е приоритет на секоја жена во Данска. Тоа не значи дека само луѓето што имаат многу пари можат да создадат пријатен и среќен дом – и деталите како што се украсени перници и миризливи свеќи ќе бидат доволни.
5. Одлучете кои луѓе се ваш приоритет
Студиите докажале дека времето поминато со пријателите и семејството е клучно за нашата среќа и менталното здравје. И подобро од тоа да разговарате со пријателката додека истовремено разговарате на телефонот, ќе биде само доколку се фокусирате на разговорот. Мултитаскингот не е во природата на Данците. И немојте да ве гризе совеста доколку не правите ништо. Одморот е важен дел од животот во Данска, бидејќи тие знаат колку поминатото време во мир и спокој е важно за среќата.
Ne e se taka sjajno kako sto pisuvate za Danska