5 модни додатоци со кои ова лето ќе бидете едноставно неодоливи

5 модни додатоци со кои ова лето ќе бидете едноставно неодоливи

Модните додатоци се одличен начин да го освежите вашиот изглед и да го направите поличен и повпечатлив. Со оглед на тоа што оваа сезона сè се врти околу следниве неколку аксесоари, кој и да одберете од нив нема да згрешите. Само треба да внимавате вашиот изглед да е минималистички со цел токму овие модни додатоци да дојдат до израз.

1. Кружни очила

(1) 5 модни додатоци со кои ова лето ќе бидете едноставно неодоливо

Големината воопшто не е важна. Кога ќе ги одбирате вашите нови летни очила за сонце, гледајте само тие да бидат кружни и веднаш ќе бидете во чекор со најновите трендови.

2. Папучи

(2) 5 модни додатоци со кои ова лето ќе бидете едноставно неодоливо

На прв поглед тие делуваат како сандали, но ако погледнете подобро ќе сфатите дека станува збор за папучи со потпетици. Иако овој тренд веќе неколку години по ред полека се искачува на листата, оваа сезона ги добива своите 5 минути. Секако, тие не мора да бидат на високи потпетици доколку тоа не одговара на вашиот стил, но сепак е препорачливо доколку одберете да ги носите со летните фустанчиња.

3. Шешир

(3) 5 модни додатоци со кои ова лето ќе бидете едноставно неодоливо

Зарем постои девојка на оваа планета која би можела да си го замисли летото без еден голем шешир?

4. Ѓердан

(4) 5 модни додатоци со кои ова лето ќе бидете едноставно неодоливо

Ѓерданите познати како „чоукери“ се голем хит оваа сезона и ако добро ги комбинирате, можат целосно да го освежат вашиот изглед. Тие доаѓаат во сите облици, големини и материјали – доволно е да одберете еден по сопствен вкус и ќе добиете одличен, тренди и летен моден додаток.

5. Обетки

(5) 5 модни додатоци со кои ова лето ќе бидете едноставно неодоливо

Како и голем дел од останатата мода од 90-тите години, така и обетките во форма на кругови повторно се враќаат на врвот. Без разлика дали се мали или големи, тие одлично ќе се вклопат во вашите летни модни комбинации.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар