5 модели на чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

5 модели на чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

Секоја сезона се одликува со нови трендови кога станува збор за облека и чевли, така што и оваа сезона не е исклучок. Што се однесува до чизмите, оваа зима се враќаат некои од старите и подзаборавени трендови. Во продолжение проверете кои се тие.

5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

1. Чизми со тенка и ниска штикла

Трендот што беше особено популарен во 90-тите е повторно актуелен веќе неколку години. Оваа зима, во мода се ултра шик модели, кои можете да ги најдете изработени од материјали со различна текстура. Меѓу најпопуларните во оваа категорија се беж монохроматските чизми.

5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

2. Стилизирани војнички чизми

Овие чизми беа вистински тренд минатата есен, а актуелни се и оваа сезона. Но, оваа зима, стилистите препорачуваат да бидат исклучиво црни.

5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

3. Прилепени чизми

Оваа зима се препорачуваат чизми од растеглив материјал што совршено ќе се прилепат за нозете. Доколку сте за секси, ретро, но истовремено и модерен изглед, тогаш овие чизми се вистинскиот избор за вас.

5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

4. Златни и сребрени чизми

Оваа сезона, златните и сребрените чизми се меѓу најактуелните избори што можете да ги направите, било да се работи за дневно или за ноќно излегување.

5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

5. Чизми во боја

Крајот на летото не мора да значи дека треба да ги спакувате шарените чизми и алишта за повторно да ги носите наредната летна сезона. Чизмите во боја се дефинитивен хит овој период, особено чизмите со пастелни бои.

5 вида чизми што се хит оваа есен: Еве што предлагаат модните стилисти

Откако прочитавте за модните трендови што се однесува до изборот на чизми оваа сезона, ви препорачуваме да прочитате и кои џемпери ќе бидат во мода оваа есен.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар