5-минутни моќни вежби за сите оние кои немаат многу слободно време
Кога сте многу зафатени и немате премногу слободно време, но сепак сакате да согорите колку што е можно повеќе калории, тогаш дефинитивно треба да издвоите 5 минути за овие одлични и моќни вежби. Тие се совршени за оние денови кога едноставно немате време за стандардното вежбање и бидејќи не бараат никаква дополнителна опрема, можете да ги правите и во вашиот дом.
1. Мост за марш
Станува збор за еден вид јога мост, каде што предизвикот е да ги одржувате вашите колкови колку што е можно повисоко додека постојано ги движите нозете. За да ја зголемите тежината, подигнете ги рацете нагоре. На овој начин ќе ја изгубите поддршката и вежбата ќе има поголемо влијание врз вашето торзо.
2. Надолни склекови
Оваа комбинација вежби е одлична за мускулите на вашиот грб и раце. За да ја зголемите тежината, поставете ги вашите нозе на повисока површина.
3. Наизменични потклекнувања
Потклекнувањата се едни од најефективните вежби за задникот и нозете, со кои се согоруваат многу калории. Во оваа комбинација вие прво се фокусирате на едната нога, движејќи ја напред, па назад, а потоа на другата. Доколку сакате да ја зголемите тежината, правете наизменични скокови.
4. Ротација со Т-истегнување
Оваа вежба е насочена кон зајакнување на вашето торзо и раце. Премногу ви е тешко на почетокот? Нема проблем, обидете се со помалку ротации. Но, доколку ви е премногу лесно, додадете по еден склек помеѓу истегнувањата на рацете.
5. Скејтер скокови
Оваа вежба е уште една едноставна, но неверојатно ефикасна за вашите нозе и задник. Во зависност од вашата брзина и сила, зголемете го или намалете го темпото. Со побрзото движење, ќе согорувате повеќе калории, па добро што немате многу време и треба да забрзате со цел да ја постигнете саканата цел.