5 лесни начини како да ја преуредите вашата спална соба за подобро да спиете
Спиењето е важно од секој аспект на нашето живеење, а сепак 40 проценти од нас спијат помалку од потребното. Тоа значи дека си кратиме себеси некои чудесни здравствени придобивки како здраво губење на тежина, подобра меморија, па дури и зголемен сексуален апетит со неспиењето. Имајќи го тоа на ум, постојат прехранбени продукти, вежби и препарати кои ќе го подобрат квалитетот на вашето спиење, но не го игнорирајте најважниот дел од равенката, вашата спална соба. Направете ги овие едноставни промени и преуредете ја спалната соба за да можете подобро да спиете.
1. Купете добар душек
Добриот душек треба да ви биде приоритет број еден. Одберете душек што ќе ве прави да се чувствувате удобно. Мек или тврд, не е важно, сè додека ве опушта. Во продавница можете да ги проверите и да откриете која цврстина најмногу ви се допаѓа.
2. Ставете го кревеетот покрај ѕид
Поставете ја главата спротивно од ѕидот за да го избегнете провевот и да најдете чувство на психолошка стабилност. Ако ги следите фенг шуи принципите веќе знаете дека креветот никогаш не треба да стои под прозорец, бидејќи додека спиете енергијата може да ви бега низ него.
3. Исклучете ги сите екрани од електронските уреди
Истражувањата докажуваат дека користењето електронски уреди пред спиење може да го наруши сонот. Отстранете ги телефоните и лаптопите од вашата спална, за да не бидете предизвикувани да ги проверувате во текот на ноќта. Исто така отстранете го и телевизорот или најдете креативен начин да го покриете.
4. Декорирајте симетрично
Науката ни вели дека луѓето симетријата ја перципираат како убава. За максимална смиреност, околу вашиот кревет е потребно да имате симетрија. Ако над вашиот кревет има слика, погрижете се да биде на средина и имајте две перници наместо една. Според фенг шуи, симетријата помага во хармонијата на врската со вашиот партнер, но и со самите себеси.
5. Одржувајте совршена температура
Оптималната температура за спиење е некаде помеѓу 15 и 19 степени. Купете термометар и внимавајте температурата да се движи во овие граници. Ќе се исплати.