5 лакови за нокти што најдобро одговараат со темен тен

5 лакови за нокти што најдобро одговараат со темен тен

Иако повеќето девојки ја одбираат бојата на лакот според комбинацијата на облека, летото е период кога лакот можете да го комбинирате со вашиот тен. Ако сакате да го нагласите темниот тен што се го добиле за време на летниот одмор, одберете една од овие бои за вашите нокти.

1. Бела во сите нијанси

5 лакови за нокти што најдобро одговараат со темен тен

Белиот лак за нокти е вистински фаворит помеѓу трендсетерките ширум светот. Причината е контрастот помеѓу светлиот лак и темниот тен. Ноктите доаѓаат до израз и одлично се вклопуваат со бронзената боја на кожата. Можете да ја одберете која било нијанса, изборот е само ваш.

2. Пастелни бои

5 лакови за нокти што најдобро одговараат со темен тен

Ако обожавате лакови во боја, а сепак сакате да постигнете и контраст со вашиот тен, пастелните бои се совршениот избор. Тие го имаат истиот ефект како и белиот лак, само се потопли и поведри.

3. Црвена боја

5 лакови за нокти што најдобро одговараат со темен тен

Не мора да се откажете од црвената боја во текот на летото. Светлите црвени нијанси и оние со портокалови тонови се одлични. Ако сакате да одморите од класичната црвена, слободно лакирајте ги ноктите со портокалов лак. Овие бои изгледаат одлично во комбинација со темниот тен.

4. Сите нијанси на сина и зелена

5 лакови за нокти што најдобро одговараат со темен тен

Иако сината и зелената се студени бои, тие одлично се вклопуваат со темниот тен. Тиркизната, светлосината или зелената боја се навистина популарни ова лето. Ноктите во овие бои нема да поминат незабележано.

5. „Голи“ нијанси

5 лакови за нокти што најдобро одговараат со темен тен

Нијансите со боја на кожа се вечна класика во светот на убавината. Тие се комбинираат со сè, па дури и со темниот тен. Никогаш нема да направите грешка со оваа боја, а изгледа одлично и на пократки нокти.

Погледнете ги и овие летни колоритни дизајни на нокти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар