5 идеи за идеални модни комбинации за венчавка

5 идеи за идеални модни комбинации за венчавка

Изборот на облека за венчавка може да биде навистина стресно доколку започнете да го преиспитувате вашиот избор и сте неодлучни. Меѓутоа, тоа не значи дека треба да дигнете паника или пак, да почнете да размислувате да не одете на венчавката бидејќи „немате што да облечете“.

5 идеи за идеални комбинации за венчавка

Ние имаме неколку одлични идеи кои не вклучуваат класичен коктел фустан, а сепак во нив ќе се чувствувате единствено, женствено и удобно, без да чувствувате вина дека ќе го свртите вниманието од невестата кон вас. Нашите идеи се едноставни и веруваме дека ќе ви се допаднат. Во продолжение погледнете ги комбинациите:

Костум во неконвенционална боја

Заменете го фустанот со дводелна формална комбинација – костум, но во некоја поинаква боја од црна или сива. Одлучете се за зелена, жолта, црвена, или пак костум со некој интересна шара, како на пример цветна или карирана. Под него можете да облечете тенка маичка на рамки или пак ништо. Штиклите се задолжителни за да го комплетирате овој сензуален изглед.

5 идеи за идеални комбинации за венчавка

Блејзер фустан

Одберете тродимензионален блејзер фустан од сатен или свила и ќе бидете главна ѕвезда помеѓу гостите. Овој стил не открива премногу, а сепак остава сексапилен впечаток.

5 идеи за идеални комбинации за венчавка

Макси фустан со ремен

Со помош на ремен, можете целосно да го промените изгледот на едноставниот долг фустан кој сте го носеле на плажа. Лелеавиот и широк фустан направете го привлечен со помош на ремен кој ќе го ставете околу вашиот струк. Покрај тоа, вашата фигура визуелно ќе биде значително истакната – што секогаш е добра идеја.

5 идеи за идеални комбинации за венчавка

Боди

Боди маицата е совршено парче кое може да се вклопи и со каков било долен дел да изберете. Тоа ќе стои мирно, и со најкраткото здолниште нема да ви создава досади набори кои изгледаат доста непривлечно. За венчавка, комбинирајте го со здолниште со весела шара и со крој во вид на молив.

5 идеи за идеални комбинации за венчавка

Комбинезон

Комбинезонот е секси алтернатива на фустан кој можете да го носите апсолутно секаде. Бирајте модел кој ќе ви го истакне струкот, со широки ногавици за дополнителна елеганција и малку подлабоко деколте. Подигнете ја косата во пунџа, облечете високи штикли и сте спремни за добар помин!

5 идеи за идеални комбинации за венчавка

Погледнете ги и овие 5 одлични модни комбинации со бели панталони.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар