5 грешки што треба да ги избегнете ако сакате да започнете успешен „фриленс“ бизнис

5 грешки што треба да ги избегнете ако сакате да започнете успешен „фриленс“ бизнис

Што е потребно за да почнете да работите фриленс, и зошто е важно да бидете подготвени? Иако овој избор изгледа како пат кон поголема плата и поголема слобода, многу е важно да ги разгледате сите аспекти пред да ја донесете одлуката. Погледнете кои грешки треба да ги избегнувате.

5-greshki-koi-treba-da-gi-izbegnete-koga-zapochnivate-frilens-biznis-kafepauza.mk

1. Немојте наеднаш да се префрлате од полно работно време кон фриленс

Ако веќе работите работа со полно работно време, не мора веднаш да дадете отказ. Всушност, повеќето луѓе полека преминуваат во фриленс бизнисот додека сè уште ја одржуваат својата регуларна работа. Иако ова значи дека ќе работите повеќе часови од обично, ова е одличен начин да истражите пред целосно да се впуштите во нешто сосема ново.

2. Размислете дали сакате да работите сами

Нешто што многу луѓе забораваат да го предвидат кога почнуваат со фриленс работа е промената на социјалната динамика. Ако доаѓате од канцеларија полна со колеги, работењето од дома, сами, може да ви биде тешко. Размислете дали ќе издржите да работите постојано сами. За да ја разбиете монотонијата на осаменото работење, можете да работите од кафетерија и слично.

3. Не се обидувајте да направите сè

Со други зборови, пронајдете за што ве бидува и држете се до тоа. Немојте да бидете и дизајнер и фотограф. Луѓето ќе сакаат да знаат што ве прави уникатни и во кое поле најдобро решавате проблеми. Штом ќе изградите репутација во саканата област, може да почнете да ги проширувате вашите знаења.

4. Не трошете го вашето време

Кога ќе го промените работното време на коешто сте навикнати, можеби ќе се чувствувате и ослободено и застрашено. Можеби ќе работите постојано и нема да знаете кои проекти да ги прифатите, а кои да ги одбиете. Кога сте сам свој шеф слободното време ќе ви се скрати, особено на почетокот. Клиентите ќе очекуваат да ги извршувате задачите според распоредот. Но, ова не мора да значи дека треба да ги прифаќате сите проекти. Научете ја својата вредност и не ги продавајте своите вештини за помалку отколку што вредат.

5. Не ја потценувајте моќта на маркетингот

Штом ќе ја откриете својата област и својата цена, ќе почнете да работите со клиенти. Рекламирањето ќе стане една од најважните работи во вашиот живот. Можете да бидете најталентирани во својата област, но без реклама никој нема да знае за вас. Можете да направите сопствен веб-сајт или пак, да се рекламирате на социјалните мрежи. Следете ги трендовите за секогаш да бидете во предност.

Погледнете ги и 5-те тајни на жените кои ја обожаваат својата работа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар