5 грешки што ги прават жените при обликување на веѓите

5 грешки што ги прават жените при обликување на веѓите

Ако очите се прозорец на душата, тогаш веѓите се неговите рамки. Тие имаат моќ да привлечат внимание кон очите, притоа кажувајќи многу за вашиот изглед. Кога станува збор за нивното обликување, многу жени имаат проблеми со тоа. Во продолжение погледнете кои се петте најчести грешки што можете да ги направите што се однесува до формата и обликувањето на вашите веѓи.

1. Отстранувате премногу влакна

5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓите

Прекумерното кубење на влакната е една од најчестите грешки што ја прават многу жени. Ова не изгледа добро, а исто така ако потоа користите моливче за нивно обликување, ќе добиете сосема неприроден изглед.

2. Оставате премногу простор помеѓу двете веѓи

5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓите

Нема потреба да создавате премногу голем простор помеѓу очите, затоа што на овој начин и вашите други карактеристики ќе изгледаат неприродно. Почетокот на веѓите треба да биде во линија со врвот на носот, а не со ноздрите. За да проверите од каде треба да почнете, послужете се со четка за шминкање или пенкало, кое ќе го поставите вертикално по надворешната страна на носот, сѐ до веѓата. Придржувајте се до тие точки и ќе добиете поприроден изглед.

3. Создавате преголем лак

5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓите

Освен ако не сакате да оставите впечаток дека постојано сте изненадени, треба да внимавате премногу да не ги заоблите вашите веѓи. Преголемиот лак над очите може да направи да изгледате чудно. Затоа, пронајдете ја точката до која најмногу ви одговара да бидат заоблени вашите веѓи и придржувајте се кон тоа.

4. Користите премногу боја

5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓите

Прекумерното боење на веѓите може да го одвлече вниманието од вашите лични карактеристики, наместо да ги истакне, а тоа ќе создаде вештачки ефект. Целта на цртањето веѓи со молив е да создадете подобро дефиниран природен изглед, а не тетоважа. Изберете го вистинскиот молив или сенки кои одговараат за вашите веѓи и бидете внимателни со нивното користење.

5. Премногу сакате да ја нагласите совршеноста

5 грешки кои ги прават жените при обликувањето на веѓите

Непотребно е да се обидувате да ги изедначите веѓите една со друга, затоа што тоа може да доведе до грешки. Помислете на вашите веѓи како на близнаци – и тие не може да бидат идентични. На овој начин можете да ги направите премногу кратки, премногу тенки, со неправилен агол и слично.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар