5 едноставни прашања што треба да си ги поставите пред да се смирите со поранешниот партнер
Разделбата со личност со која сте биле многу блиски е болна, но понекогаш тоа е најдоброто решение. Сè се случува со причина, па така и разделбите, но тоа не значи дека две личности не може пак да бидат заедно понатаму во животот. Пред да одлучите да го разгорите стариот пламен, треба да си поставите неколку прашања.
1. Дали го сакате партнерот или само чувството да бидете во врска?
Секоја врска има свои подеми и падови. Да бидете во врска е одлично, но да бидете сингл може да биде уште подобро.
Да научите да бидете сингл е долг процес и тешко е да се помеша осаменоста со недостасувањето. Постојат многу други луѓе на овој свет и кога раскинувате со некого не треба да се ограничувате да размислувате само за таа личност.
Дајте си време да тагувате за изгубеното и потоа вратете се во нормала. Ако по одредено време сфатите дека никој не може да се мери со вашиот поранешен партнер, само тогаш е во ред да размислите за повторно поврзување.
2. Дали тој ве тера да бидете подобра личност?
Дали вашето момче секогаш ве терало да го направите најдоброто за вас или само тоа што е во негова корист? Ако бившиот партнер никогаш не ве терал да бидете подобри од претходниот ден, тогаш зошто бевте со него?
Луѓето сакаат да се развиваат и да се менуваат како личности во текот на целиот свој живот. Останувањето во врска каде што никој не се развива не е здраво.
3. Дали имавте нешто заедничко?
Понекогаш спротивностите се привлекуваат, но мора да имате некоја вообичаена активност што двајцата уживате да ја правите заедно, освен гледањето филмови на „Нетфликс“.
Ако идејата да одите на голф со партнерот ви е одбивна, а ако тој не сака да оди во театар со вас, тогаш можеби не е баш најдобро да бидете повторно заедно.
4. Дали вашите пријатели и вашето семејство го сакаа вашиот поранешен партнер?
Одобрувањето на партнерот од страна на пријателите и семејството е многу важно затоа што тие може да видат работи во што вие првично не ги забележувате.
Понекогаш и тие може да погрешат, но ако речат дека вашиот партнер не изгледа како добра личност, веројатно се во право; но вам можеби ќе ви треба повеќе време за да го сфатите тоа.
5. Дали се гледате со таа личност за пет години?
Зошто да го трошите вашето време на некоја личност ако не се гледате со неа на долг рок? Ако не се гледате со неа за пет години, замислете што ќе биде за 10 или 15 години.
Кога размислувате за тоа, ви се чини како измачување или благослов? Ако ви изгледа како тортура, веројатно се чувствувате осамено и враќањето назад кај бившиот не е баш добра идеја.
Одвојте време да запознаете други луѓе и одете на љубовни состаноци за да видите што сакате и што не сакате во врската.
Никој не може да ви каже дали треба да му се вратите на бившиот или не, но направете си услуга и не залажувајте се. Некогаш можеби ќе жалите што сте го потрошиле времето на нешто што не ви е од корист.
Размислете што ви се допаѓаше и што не ви се допаѓаше кај партнерот и во врската и ќе дојдете до одговорот.
Погледнете какви проблеми може да настанат во врската поради ваши грешки, а не поради грешки на партнерот.