5 бои на сенки за очи што не би требало да ги користите
Шминкањето е одлика на речиси секоја девојка. Постојат многу начини и трикови за шминкање кои ќе ја истакнат вашата убавина. Некои девојки сакаат понежна шминка, додека пак други се храбри и сакаат да експериментираат. Но, како и да е, кога станува збор за сенката за очи, постојат неколку бои кои би требалo да избегнувате да ги нанесувате на вашите очни капаци. Во продолжение погледнете за кои станува збор.
1. Црвена
Црвената боја е одлична за вашите усни, а исто така и за вашите образи. Но, со сигурност оваа боја треба да избегнувате да ја нанесувате на вашите очи. Таа не е погодна за повеќето жени, освен ако не планирате да отидете на некоја карневалска забава. Црвената боја прави да изгледате уморно, наместо да ви даде пријатен изглед. Сите жени сакаат да го сокријат црвенилото околу очите, а не истото да го истакнат. Сепак, доколку сте голем љубител на оваа боја, тогаш настојувајте тоа да биде некоја посветла нијанса или во најдобар случај розова.
2. Не користете сенка во боја слична на вашата кожа
Сенката за очи која е премногу слична со вашата природна боја на кожата е исто така нешто што треба да го избегнувате, затоа што ќе направи да изгледате уморни. Исто така треба да избегнувате и бронзена и многу портокалова нијанса.
3. Светкава сенка над очниот капак
Светкавата сенка за очи понекогаш изгледа убаво, но можеби не ќе можете да ги почувствувате придобивките, доколку не ја користите правилно. Нанесете ја на очните капаци, но не премногу високо до веѓите. Подобро е да користите мат сенка за над очниот капак.
4. Светла боја без надополнување од неутрална боја
Неутралните нијанси треба да ги користите секогаш кога употребувате повеќе шарени сенки за очи. Кафеавиот или црн ајлајнер ќе ви даде подобар изглед, па можете да комбинирате со повеќе бои.
5. Не оставајте ништо вишок
Бидете умерени и кога користите сенка за очи. Настрана од некои нијанси кои не се многу блескави, прекумерното користење живописни бои може да го уништи вашиот изглед. Бидете внимателни кога ги нанесувате нијансите за да оставите подобар впечаток.