4 знаци дека вашата главоболка е всушност мигрена
Познато е дека многу жени патат од мигрени. Но, ако не сте сигурни дека вашите главоболки се мигрени, можеби би требало малку подетално да се преиспитате. Според научните истражувања, мигрените се трипати почести кај жените отколку кај мажите, а дури кај половина од нив оваа состојба не е дијагностицирана. Па, што точно се мигрените и што ги предизвикува?
Мигрената е болест што го напаѓа човечкиот мозок и предизвикува различни непријатни симптоми, кои се проследени со главоболка и можат да траат од 4 часа до 3 дена. Иако точниот причинител на мигрените е непознат, се претпоставува дека и гените и животната средина играат голема улога при предизвикувањето на оваа болест.
Мигрените предизвикуваат промени во хемиските реакции во организмот и влијаат на периферниот и централниот нервен систем. Симптомите на мигрените се појавуваат ненадејно. Постојат неколку универзални симптоми, а останатите се уникатни за секој кој страда од нив. Во продолжение следуваат најчестите симптоми за мигренски напад.
1. Болка на една страна од главата
Мигрените се многу поостри од обичната главоболка и најчесто ја опфаќаат само едната половина од главата.
2. Слабост во телото
Мигрените предизвикуваат вкочанетост и слабост на телото. На некои луѓе дури толку многу им влијаат што тие едвај зборуваат.
3. Мачнини и повраќање
За време на мигренскиот напад, голем број луѓе чувствуваат мачнина и вртоглавица. Некои можеби дури и ќе почувствуваат нагон за повраќање.
4. Болка во вратот
Се смета дека нервот што ја предизвикува мигрената, поминува низ вратот и ја испраќа сигнал за болка во горниот дел од ‘рбетниот мозок.
Ако сметате дека ги имате сите овие симптоми, најдобро е да се консултирате со вашиот доктор за да почнете со терапија и да ги намалите ефектите од мигрената. Во меѓувреме, погледнете ги и следниве 8 симптоми кои укажуваат на нетолеранција на глутен.