4 знаци дека се сакате себеси и дека сте подготвени за врска

4 знаци дека се сакате себеси и дека сте подготвени за врска

Сигурно имате слушнато дека ќе најдете љубов само кога ќе се сакате себеси. Иако можеби е нереално да очекувате да го сакате секој аспект од себе, реално е да го очекувате она што го заслужувате во врската. Ако се сакате и сте подготвени за врска, тоа значи дека сте подготвени да ја цените личноста којашто сте. Еве како изгледа љубовта кон себе.

4 знаци дека се сакате себеси и дека сте подготвени за врска

1. Искрени сте за она што го сакате

Ако точно знаете што сакате во врската, и од вас и од партнерот, блиску сте до наоѓање врска. Еден начин да го разберете овој аспект од љубовта кон себе е да ги цените вашите вистински желби. Во ред е да сакате сериозна врска, а кога ќе го знаете тоа ќе почнете и да ја барате. Ако се преправате дека не сакате ништо сериозно, другите ќе го прифатат тоа и само ќе бидете повредени.

2. Преземате одговорност за вашите недостатоци

Ова не значи дека ќе се ослободите од сите лоши навики. Но, многу е подобро да започнете врска ако знаете дека сте тврдоглави. На овој начин ќе најдете компромис со партнерот, особено за време на расправии.

3. Одвојувате време за себе

Најчест проблем кај луѓето во врска е тоа што ја губат својата независност. Да знаете кои активности ги сакате и што не сакате да правите е важен дел од вашата личност, дури и кога сте во врска. Ако веќе барате време за себе настрана од пријателите, работата или училиштето, тоа е добар знак дека сте подготвени за врска. Ова значи дека знаете да се направите приоритет додека истовремено вложувате љубов, време и поддршка во другите делови од вашиот живот.

4. Го прифаќате вашето минато

Повеќето луѓе имаат некаков емоционален товар. Но нема потреба да се срамите од ова. Да знаете дека сте поминале низ некое искуство коешто ве оформило е нешто што не можете да го промените. Прифатете го и имајте на ум дека вашата историја ве направила зрели. Кога ќе го направите тоа, ќе бидете подготвени да се движите напред.

Знаете ли дека некои видови среќа не можете да ги пронајдете во љубовната врска?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар