4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракот

4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракот

Тешко е да се комуницира со луѓето, а особено е тешко да се биде искрен, транспарентен и внимателен кон оние што ви значат. Особено затоа што при разговорот може да дојде и до погрешно сфаќање, недоразбирање и погрешно толкување на кажаното. Доколку не сте искрени, отворени и целосно насочени кон вашиот партнер, не може да се надевате дека вашите односи и понатаму ќе бидат силни?

4 зборови што буквално ќе ви го спасат бракот

Во една статија, авторката и мотивацискиот говорник Брене Браун го открила пред другите својот личен удел при недоразбирањата со партнерот.

Во својата нова книга „Rising Strong“ („Издигни се силно“), таа пишува за лесните животни трикови кој може да му помогнат секому кој е во врска да биде подобро сфатен.

Таа вели дека кога би можела да им даде на мажите и жените во врска, или на лидерите и родителите, еден „клуч“, ќе им ја подари токму  преку зборовите од „Приказната што ја создавам“.

Едноставните зборови што таа ги предлага како совет може да предизвикаат напната ситуација или да бидат искрен начин да му кажете на лицето со кое зборувате точно што мислите. Ова помага да го проверите наративот во вашата глава.

А, еве како почнало сè. По ужасниот ден, кога ништо не било ниту едноставно ниту лесно, сопругот на Браун го отворил фрижидерот и воздивнал. Тој искоментирал дека немаат намирници дури ниту за ручек. Таа му одговорила дека дава сè од себе, но и дека и тој би можел да испазарува понекогаш. На тоа тој и одговорил дека тој тоа го прави секоја недела и не знае зошто му го кажала тоа со таков тон.

Браун својот одговор го претворила во приказна за тоа како таа била неорганизирана, несигурна партнерка и мајка. Таа се извинила и следната реченица ја започнала со „Приказната што ја создавам е… дека ме обвинуваш дека нема намирници, дека сум уништила сè“.

На тоа нејзиниот сопруг одговорил дека тој сакал претходниот ден да испазари но немал време и дека не ја обвинува, туку само е гладен.

Приказната која ја создала Браун направила да се чувствува лошо и да помисли дека нејзиниот сопруг ја обвинува, иако реалноста била дека нему му била потребна само малку храна.

Користејќи ги овие зборови и раскажувајќи ја „својата приказна“, таа им овозможила на многумина да ги ослободат своите внатрешни наративи и всушност да согледаат една поинаква перспектива и ранливост на другиот.

Овие зборови може да пробијат низ вашите „внатрешни ѕидови“ и всушност да ви помогнат подобро да се сфатите меѓусебно.

Можеби сакате да прочитате и за 4-те причини зошто мажите престануваат да комуницираат во бракот и како да им помогнете да се отворат?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар