4 видови витамини и минерали кои се неопходни за здрава и сјајна коса!

4 видови витамини и минерали кои се неопходни за здрава и сјајна коса!

Дали знаевте дека одредени хранливи материи можат значително да придонесат за здрава и сјајна коса? Во продолжение прочитајте за кои состојки станува збор!

4 видови витамини и минерали кои се неопходни за здрава и сјајна коса!

Биотин

Биотинот е можеби една од најважните клучни хранливи материи за вашата коса. Витаминот Б, познат како биотин, е важен за негување на косата бидејќи го гради колагенот, ја одржува еластичноста и го овозможува растот на влакното. Можете да најдете биотин во секој додаток за коса, кожа и нокти, но можете да го внесувате и преку храна како јајца, пилешко, мисиркино месо, лосос, авокадо и бадеми.

Железо

Железото го зголемува протокот на крв во скалпот, па затоа може да биде вашиот најдобар сојузник во подобрувањето на здравјето на вашата коса. Гравот, семките, јаткасти плодови, рибата, спанаќот и мешунките како што се леќата и наутот содржат голема количина на железо. Освен тоа, ако забележите опаѓање на косата, тоа е знак за недостиг на железо или цинк.

Витамин Ц

Витаминот Ц не е само одличен во борбата со настинката. Тој е одличен и за вашата коса бидејќи го овозможува нејзиниот раст. Сите знаеме дека косата расте бавно, но она што можеби не го знаете е колку бавно расте, особено ако витаминот Ц не е вклучен. Косата во просек расте околу еден сантиметар месечно ако е навистина здрава. Сепак, доколку сакате здрава и сјајна коса, внесувајте повеќе намирници богати со витамин Ц како што се црвени пиперки, јагоди, спанаќ и портокали.

Витамин А

Витаминот А е еден од најмоќните витамини за убавина што секој може да го консумира. Како прво, витаминот А ја чува вашата кожа чиста од акни, ѝ дава здрав сјај, а исто така е хранлива материја за вашата коса и ја одржува мека и сјајна. Овој витамин најмногу се содржи во морковите, дињата, тиквата и слатките компири.

Откако прочитавте кои витамини се неопходни за одржувањето на здравата и цврста коса, можеби ќе сакате да прочитате и за 8-те состојки за нега на коса кои ги имате и дома.

Извор: allwomenstalk.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар