4 вежби за горниот дел на грбот со кои ќе го подобрите држењето на телото

4 вежби за горниот дел на грбот со кои ќе го подобрите држењето на телото

Ако постојано седите додека работите, тогаш многу добро знаете што значи болка во горниот дел на грбот, но и колку е важен грбот за држењето на телото. Обидете се да ги зајакнете мускулите на горниот дел од грбот со овие вежби за да имате правилно држење на телото, но и да спречите болка во долниот и во горниот дел на грбот.

Супермен

Оваа вежба е одлична за горниот дел од грбот, бидејќи помага да се загреете и да се подготвите за секаков вид кревање тежок товар. Вежбата Супермен ги активира сите внатрешни мускули на горниот дел од грбот и спречува повреди при изведување големи преоптоварувања.

Вежбајте со лента

Со помош на лентата ќе постигнете исправено држење на телото – на рамената, рацете, стомакот и грбот.

Кревање (Pull up)

Оваа вежба бара силни раце и истовремено ќе ги зајакне рамената и ќе ви помогне да ги држите телото и грбот исправени.

Кревање тегови со една рака

Бидејќи работите само со едната рака, и таа страна на грбот е активна. Задолжително држете го грбот исправен.

Погледнете ги овие ефективни вежби за долниот дел на стомакот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар