4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат, а можат да бидат штетни по здравјето
Средствата за хигиена се полни со најразлични состојки, кои само во еден продукт се над десет, а некои од нив можат да бидат опасни по здравјето. Мажите не користат многу средства за хигиена како што тоа е случај со жените, но и во она што го користат понекогаш може да се најде некоја од тие штетни состојки.
1. Парфем и колонска вода
Речиси сите видови колонска вода кои ги знаете во себе содржат синтетички хемиски супстанци наречени фталати кои штетно влијаат на спермата. Тие ја намалуваат количината и мобилноста на сперматозоидите. Затоа треба да се потрудите да најдете парфем или колонска вода која не содржи вакви супстанци.
2. Дезодоранс и антиперспирант
Тие се полни со разни состојки како триклозан, BHT, алуминиумски соли, засилувачи на продирањето во кожата и вештачки мириси. Некои од нив можат да бидат опасни за вашето здравје. Иако во средствата за хигиена се наоѓаат во мали количини, некои од нив се поврзуваат со Алцхајмерова болест, рак на дојката, нарушување на хормоните, негативни ефекти на нервниот систем итн. Обидете се да користите нешто што е направено на природна база.
3. Крем за бричење
Повеќето кремови за бричење содржат триетаноламин, којшто се поврзува со ракот, потоа парабен, кој не се разградува туку се таложи во телото и исто така предизвикува рак, како и синтетички мириси кои, како што веќе рековме, лошо влијаат на сперматозоидите. Предолгото изложување на телото на сите овие хемикалии може да биде многу штетно.
4. Лосион за после бричење
Повеќето лосиони содржат алкохол кој го суши лицето наместо да му ја даде потребната влажност. Миењето на лицето со студена вода е добра алтернатива.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.