4 совети за промена на кариерата
Дали во последно време размислувате како да направите промена на кариерата, но не сте сигурни од каде да започнете? Промената на кариерата може да биде возбудлива, но и застрашувачка, па во продолжение прочитајте кои работи не смеете да ги занемарите доколку се одлучите на ваков чекор.
Промената на кариерата е секогаш предизвик, но не е нешто што е невозможно. Освен тоа, ако направите добар план кој ќе ви помогне да ги научите релевантните вештини за новата кариера – можете успешно да ја промените кариерата.
1. Одредете го идеалниот пат за развој на новата кариера
Кога размислувате да направите промена во кариерата, без разлика дали тоа е порано или подоцна, првиот чекор е да го одредите идеалниот пат за кариера. Направете тест за проценка или разговарајте со кариерен советник за да го одредите најдобриот пат врз основа на вашите вештини, интереси и искуство.
2. Направете план и започнете рано да се подготвувате
Следниот чекор е планирање и подготовка. Направете план и почнете што е можно поскоро со учење на потребните вештини. Фокусирањето и учењето нови работи ќе ви помогне да ги постигнете вашите цели.
3. Испланирајте го вашиот буџет
Промената на кариерата може да влијае на многу аспекти од вашиот живот. Планирајте ги финансиите така што ќе можете да ги финансирате промените во кариерата. Не ви треба огромен фонд за да направите промена во кариерата, но сосема доволно за да започнете.
4. Истражувајте за вештините кои ќе ви бидат потребни
Дознајте повеќе за вештините што работодавците ги бараат во вашето ново поле на работа. Не треба да се враќате на училиште за да ги добиете потребните вештини, но, бидете креативни и пронајдете нови начини да го научите она што треба да го знаете.
Откако ги прочитавте нашите совети за промена на кариерата, можеби ќе сакате да прочитате и 5 важни лекции за работата и кариерата кои постарите би сакале да ги знаете.
Извор: themindsjournal.com