4 причини зошто ве боли главата по вежбањето

4 причини зошто ве боли главата по вежбањето

Без разлика дали станува збор за трчање, возење велосипед, аеробик или пилатес, добриот тренинг е одличен начин да бидете во форма и задоволни со вашиот изглед. Сепак, по тренингот може да почувствувате пулсирачка главоболка, а во продолжение ќе откриете кои се причините за тоа.

4 причини зошто ве боли главата по вежбањето

Не пиете доволно вода

Речиси е излишно да се нагласи колку е важно да се внесува доволно вода во текот на денот. Додека тренирате, се потите, а со тоа губите течности. Ако вашето тело е дехидрирано поради недостаток на вода, вие не само што ќе почувствувате неподнослива главоболка, туку и грчеви во мускулите, вртоглавица и гадење, па дури и нагон за повраќање.

Имате ниско ниво на шеќер во крвта

Ниското ниво на шеќер во крвта е исто така една од причините за главоболка по тренингот. Ова не значи дека треба да изедете цело чоколадо пред тренингот, туку дека треба да практикувате здрава и балансирана исхрана. Вашето тело согорува многу калории за време на тренингот, па затоа вашата исхрана треба да биде богата со јаглехидрати.

Се форсирате премногу

Ако неодамна започнавте нов вид тренинг во кој вложувате дополнителен напор, можеби ќе имате главоболка наречена главоболка при напор. Овој вид главоболка се јавува при екстремен физички напор, за кој телото не е подготвено. Вашето тело испраќа повеќе кислород до мускулите кои ги прават вежбите наместо до вашиот мозок, па поради тоа ве боли главата.

Не спиете доволно

Ако вежбате откако не сте се одмориле најдобро, големи се шансите да завршите со страшна главоболка. Потребни ви се најмалку 8 часа квалитетен сон за да можете да вежбате и да ја избегнете главоболката.

Прочитајте што ќе се случи со вашето тело ако почнете да вежбате пред спиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар