4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за вас

4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за вас

Најдобрата причина би била – затоа што минималистичкиот ентериер е убав. Изгледот е првиот критериум кој паѓа на памет при изборот на уредувањето на домот, но кога е минимализмот во прашање има уште четири причини кои треба да ги земете предвид.

4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за вас

1. Некои поинакви ентериери можат да ве вознемират

Има повеќе научни студии кои потврдуваат дека начинот на кој што е уреден просторот може да влијае на расположението.

  • кога има премногу предмети и неред, се чувствувате анксиозно
  • кога нема доволно светло станувате депресивни и поспани
  • кога има премногу светло чувствувате стрес
  • кога просторот делува претесно, се чувствувате затворено и заробено

Минимализмот значи уредување на просторот така што осветлувањето е оптимално, а малиот број предмети го прават просторот да изгледа покомфорно и почисто.

4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за вас

2. Малите предмети собираат прашина

Малите предметчиња и парталчиња кои ги собирате и ги ставате некаде да личат собираат многу прашина, а со тоа се и потенцијален извор на алергии. Тие исто така го задушуваат просторот правејќи просторијата да изгледа полна. Се разбира дека е убаво да ги оставите семејните фотографии или некои слични нешта кои ве исполнуваат кога ќе ги видите, но не мора сè да се натрупа за да се гледа дека постои. Уредете во минималистички стил. Така просторот ќе изгледа послободно и ќе имате помалку за чистење.

4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за вас

3. Едноставноста и симетријата смируваат

Минималистички уредените домови се карактеризираат со едноставност и симетрија, а постојат научни студии кои покажуваат дека мозокот многу позитивно реагира на симетријата. Тоа не значи дека минимализмот ќе ве направи среќни, но може позитивно да влијае на задоволството.

4 причини зошто минималистичкиот ентериер е добар за вас

4. И боите позитивно влијаат на расположението

Минималистичкото уредување значи дека за вашиот дом сте избрале светла неутрална боја, дека прозорците се големи и овозможуваат влегување на многу природна светлина. Притоа можете да додадете уште некоја боја заради поголема разиграност, но тоа треба да остане едноставно. Сепак, неутралните бои кои доминираат во овој стил се причината да го одберете, затоа што даваат релаксиран амбиент.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар