4 правила кои ќе ви помогнат да го живеете животот онака како што вие посакувате

4 правила кои ќе ви помогнат да го живеете животот онака како што вие посакувате

Дали сте размислувале за тоа дека можете да го живеете животот онака како што вие посакувате? Ако го живеете животот според вашите услови, секогаш ќе сакате да научите повеќе, да прифаќате нови предизвици и да продолжите да растете. Во продолжение прочитајте за правилата кои морате да ги следите доколку сакате да постанете „архитект“ на сопствениот живот.

4 правила кои ќе ви помогнат да го живеете животот онака како што вие посакувате

Правило 1: Распоред на времето

Златното правило за управување со времето – ако правилно го распределите своето време ќе ги завршите навреме своите обврски. Не можете да се разбудите со надеж дека времето за прошетка или читање магично ќе се вклопи во вашиот ден полн со задачи. Честопати причината поради која не се придржувате до своите цели не е дека ви недостасува мотивација, туку затоа што не сте ги дефинирале јасно претходно. Освен тоа, неопходно е да ги распределите задачите во однос на вашата енергија во текот на денот. Со други зборови, доколку сакате да се будите рано, тогаш почнете со оние задачи кои бараат поголем когнитивен напор. Распоредете ги задачите, особено новите вештини во кои сакате да напредувате во период од денот каде што можете да бидете најкреативни и најенергични.

Правило 2: Планирањето е клучно

Секоја вечер пред спиење одвојте неколку минути за да ги напишете на лист хартија вашите главни приоритети за наредниот ден. Тоа ќе ви делува навистина мотивирачки да ги завршите задачите во текот на денот, особено доколку бидете доведени во искушение да ги одложите.

Правило 3: Вредности и приоритети

Бидете подготвени да се откажете од старите навики кои не им служат на вашите нови цели и амбиции. Можеби сте усвоиле одредена навика пред неколку години, која тогаш функционирала, но можеби сега ве спречува да ги постигнете вашите нови цели. Фокусирајте се на тоа каква личност сакате да станете и како сакате да ги поминувате вашите денови. Соберете храброст да се ослободите од старото за да создадете простор за новото.

Правило 4: Доследност

Доследноста е она што го поврзува чувството дека немате доволно време со напредокот кон вашите цели. Дали мислите дека би можеле да издвоите дополнителни 15 минути дневно ако помалку ги проверувате социјалните мрежи? Одговорот е очигледен. Кога сакате да постигнете напредок во вашата нова цел или вештина, одвојте ги тие 15 минути и распоредете ги во агендата со обврски. Имајте на ум дека не секогаш се работи за количината на време потрошено на една задача, туку за квалитетот. Освен тоа, ако знаете дека имате само 15 минути, ќе го вложите целиот труд. Откако ќе ја совладате навиката да се придржувате до 15-минутната пауза, тогаш можете да донесете одлука кога и дали ќе ја зголемите.

Откако ги прочитавте овие правила, можеби ќе сакате да прочитате и за 5-те причини поради кои се откажуваме од нашите цели и како да се справиме со нив.

Извор: themindsjournal.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар