4 одлични подкасти за женското здравје

4 одлични подкасти за женското здравје

Нашата цел е да направиме сите да се чувствуваат подобро и поздраво, затоа подготвивме неколку подкасти кои се насочени кон физичкото и менталното здравје на жените. Интересните теми и стручните водичи несомнено ќе ја отворат вратата кон светот на медитацијата, здравата исхрана, вежбањето. Погледнете ја листата што следи и научете нешто ново за себе!

4 одлични подкасти за женското здравје

1. Feel Good

Овој подкаст е идеален за оние кои сакаат да имаат повеќе енергија или да научат да се справуваат со проблеми со фокус на работата. Водител е познатата авторка Кимберли Снајдер, која ги охрабрува жените да ја изразат својата природна и внатрешна убавина. Со интервјуа од врвни експерти за здравје секоја епизода навистина е поучна.

2. Birthday Skin

Ако сакате да се грижите за вашата кожа, овој подкаст треба да биде на вашата листа. Ејми Вол и Чарли Пери емитуваат програма од Манчестер и разговараат за митовите што владеат со оваа индустрија, преку неколку забавни разговори со експерти.

3. Fempower Health

Овој подкаст истражува важни, честопати погрешно разбрани, па дури и непознати области од здравјето на жените за да ви ги обезбеди најдобрите информации, овозможувајќи ви да имате поинформирани и попродуктивни разговори со вашите здравствени работници.

4. Move your DNA

Водителката Кети Боуман, биомеханичар и автор, ги учи слушателите на овој подкаст за важноста на движењето и како тоа влијае на целокупното здравје. Користејќи практични совети засновани на истражување, Боуман ги охрабрува сите да „започнат“ на различни начини, од правилно дишење, спиење, до градинарство, менување на начини на размислување и набљудување на околината.

Погледнете ги овие неколку апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар