4 одлични комбинации со старки за ова лето
Старките се истовремено спортски, чик и кежуал. Може да ги комбинирате на фармерки, сукњи и кратки пантолончиња. Тоа што се ниски и лесни ги прави одлични за топлите летни денови. Еве 4 предлози како би можеле да ги вклопите старките во вашиот изглед ова лето.
1. Слатко и нежно
За сладок изглед одберете лесна ленена кошула без ракави и искомбинирајте ја со бели шорцеви или пласирано здолниште и ниски старки со корална боја. Како аксесоари одберете неколку алки и сламено капче.
2. Смело и впечатливо
Искомбинирајте ромперки или кратко летно фустанче со цветен дезен и светло фармерско палто со старки во тиркизна боја. Надополнете го изгледот со темни очила за сонце со округли стакла, неколку миди прстени и впечатлива боја на лак за нокти.
3. Кежуал
Доколку сакате да постигнете впечаток „јас сум кул без многу напор“, искомбинирајте бели ниски старки со широки „искинати“ фармерки. Одберете долга лесна блуза со нежен принт и розово сако, како и нежно златно ланче.
4. Романтичен изглед
Одлична комбинација за прв состанок на смелите девојки. Искомбинирајте црно асиметрично здолниште, бела маичка со натпис и старки во црна или мастило боја. За крај одберете долги обетки и сјај за усни во темно розова или светло виолетова боја.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Во претходната статија имате напишано цела страна како не одговараат патики и фустан, а сега во втората комбинација пишувате патики и фустан. ДОГОВОРЕТЕ СЕ !
Ивана, иако старките се исто така патики, кога ќе се каже само патики, пред сѐ се мисли на спортските модели. Во постот за којшто зборуваш, темата беа конкретно долгите фустани, па дури и на слика е прикажано какви модели на патики се несоодветни за комбинирање со нив. Овде зборуваме исклучиво за старки, каде што иако не е оспорено дека можат да се носат со долги фустани, сепак немаме таков предлог. Темите се сосема различни, така што советите и предлозите воопшто не се конфликтираат меѓу себе.
prekrasni predlozi – edno golemo NE za nabadanje na visoki stikli na 50stepeni