4 едноставни начини за проширување на свесноста без да медитирате
Кога размислувате за проширување на свесноста, сигурно си замислувате како некој медитира во тивка средина. Но дали знаете дека можете да ја вежбате вашата свесност во текот на целиот ден, дури и кога сте опкружени со други луѓе?
Многумина од нас се жалат дека го немаат потребното време за да вежбаат проширување на свесноста. Ние сме толку зафатени што понекогаш ова ни изгледа невозможно, но тоа е далеку од вистината. Погледнете ги овие 4 едноставни совети кои ќе ви помогнат да ја одржувате вашата свесност на високо ниво, дури и без да медитирате.
1. Слушајте повеќе
Повеќето од нас се ужасни кога станува збор за слушање. Нашиот животен стил е толку хаотичен што многу често ги пресекуваме луѓето на сред разговор. Кога ќе се сретнеме со добар слушател, ние се чувствуваме признато, разбрано и слушнато. Одвојте време за да ислушате некого без да го судите за тоа што го кажува. Едноставно фокусирајте се на зборовите и тргнете ги предрасудите.
2. Дишете свесно почесто
Не ги игнорирајте сензациите во вашето тело и вратете го вниманието кон вашата работа. Правејќи го ова ќе ја зголемите свесноста и ќе станете подобар слушател.
3. Зборувајте вешто
Живееме во општество каде што свесните разговори и говори не се толку важни. Вежбајте вешто и свесно говорење кое полека ќе се претвори во говорење од срцето. Поголем дел од времето зборуваме без да размислиме, а тоа не прави ништо освен врева. Повикајте ја внатрешната свесност кога зборувате со некого.
4. Бидете свесни 24/7
Фокусирајќи се на слушањето на другите (без предрасуди), поврзување со вашите сетила и свесноста за дишењето додека зборувате, вие сте способни да бидете свесни 24/7.
Еве ви и една листа која ќе ви биде од голема помош:
- Зборувајте од вашето срце и одржувајте ја свесноста.
- Насочете го целото ваше внимание кон вашиот соговорник.
- Не ги судите зборовите на соговорникот, едноставно само примајте ги информациите.
- Бидете присутни во сегашноста – физички и ментално.
- Вашето залутано внимание насочете го кон некој предмет или одредена сензација во телото.
- Зборувајте автентично – она што навистина го мислите.
- Создавајте поврзаност со секој разговор.
Прочитајте ги и овие инспиративни цитати за проширување на свесноста.