4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

Можеби на почетокот ви се допаѓале белите ѕидови, но со текот на времето едноставно сте посакале промена. За среќа, нема потреба да го менувате целиот простор за да внесете малку свежина во домот. Овие 4 едноставни начини ќе ви помогнат да акцентирате некои делови од домот со малку боја.

1. Направете ѕид-галерија

4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

Секој дом треба да има некоја декорација на ѕидот. Но, ако се обидувате да наредите многу фотографии во рамки сигурно ќе потрошите многу пари. Па, за да го освежите ѕидот закачете ткаени кошници, декоративни чинии или шарени огледала. Искористете секојдневни предмети кои веќе ги имате. Со ова не само што ќе додадете боја, туку ќе создадете и неверојатна точка на фокус во просторијата.

2. Обојте нешто функционално

4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

Иако ѕидот-галерија е одлична идеја, можете да пробате и нешто ново. Наместо да го обоите целиот ѕид, обојте нешто функционално како масичката до креветот или гардероберот. Одберете ја омилената боја и фатете се за работа.

3. Шарени килими

4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

Светлите и храбри принтови на килимите можат да направат вистинско чудо. Не само што ќе ја „развеселат“ просторијата, туку ќе создадат и нова димензија. Ако имате тепих со неутрална боја, можете врз него да постелите килим. Се разбира, држете се до еден принт кој ќе одговара на темата на вашата просторија.

4. Кога не знаете што, исполнете ја просторијата со растенија

4 едноставни начини да додадете повеќе боја во вашиот дом

Една обична вазна со рози може да додаде вистинска природна убавина во вашата соба. Покрај тоа, можете да ја искористете вашата имагинација и да правите ваши аранжмани. Наредете повеќе саксии една до друга, или една врз друга. Ако не сакате цвеќиња, секогаш можете да користите зелени растенија.

Погледнете ги и овие дизајнерски трикови кои ќе го променат изгледот на вашиот дом.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар