4 чекори за трошење 1.200 калории дневно

4 чекори за трошење 1.200 калории дневно

Трошењето 1200 калории дневно не е толку тешко, иако бројката изгледа голема. Според проценките на експертите од „Health Status“, еден просечен човек со тежина од околу 50 килограми, троши 300 калории само додека спие и најмалку 1.200 калории дневно при нормалното функционирање на телото и организмот (варење на храната, дишење…). Еве неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да успеете да ја одржите вашата идеална линија, без притоа да се водите по несоодветни диети.

Чекор 1 – Одвојувајте време наменето за вежбање

Доколку едно лице со телесна тежина од околу 75 килограми е физички активно 30 минути, тогаш тоа соодветно ќе потроши околу 400 калории. На лицата со помала телесна маса, ќе им биде потребно малку повеќе време за да ја достигнат оваа бројка од 400 калории.

4 чекори за трошење 1200 калории дневно

Чекор 2 – Размислувајте како да го активирате телото

Денеска на работа, наместо со автомобил или со автобус, одете пешки. Ќе заштедите и ќе се чувствувате поудобно во вашето тело. Внимавајте и да ги избегнувате лифтовите и ескалаторите. Истото така повремено работете лесни работи низ домот. Истражувањата покажуваат дека можете да потрошите 200 калории само со бришење прашина и чистење со правосмукалка.

4 чекори за трошење 1200 калории дневно

Чекор 3 – Никогаш не си допуштајте да ве фати мрза

Ова не значи дека не треба да седнете да одморите или да се опуштите лежејќи на вашиот кауч додека гледате телевизија. Но сепак, не треба пречесто да го правите ова, бидејќи човечкото тело бара постојана активност и поголем степен на раздвиженост при вршењето на секојдневните работи. Па така, во секоја дневна обврска гледајте да го активирате телото што е можно повеќе, бидејќи така со ништо можете да потрошите до 300 калории.

4 чекори за трошење 1200 калории дневно

Чекор 4 – Внимавајте со храната

Можете да пробате да ги зголемите дневните оброци, но само бројно, не количински. Па така, наместо 3 дневни оброци пробајте истите да ги распоредите во 5 или 6, притоа обрнувајќи внимание истите да содржат храна полна со витамин ц, протеини и растителни влакна. Со самото внесување на природна и органска храна, вашето тело ќе почне да согорува калории при варењето на истата.

4 чекори за трошење 1200 калории дневно


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар