37 работи за кои ќе ви биде жал кога ќе остарите
Многу луѓе живеат со мотото дека сè се случува со причина, и нема потреба од жалење за некои работи. Но за поголем дел од луѓето свртувањето кон минатото може да ги натера да размислат што би се случило доколку направеле нешто различно. Еве ги работите за кои е најверојатно да ви биде жал кога ќе остарите, па обидете се да не ги пропуштите со време.
1. Останувате во врска во која не треба
Не го трошите вашето време на врска со грешна личност. Дозволете си да излезете од лошата врска и продолжете натаму.
2. Не користите крема за заштита од сонце
Ракот на кожата не е за шегување и некој не сака брчки. Направете си услуга и одвојте неколку минути да ја заштитите вашата кожа пред да излезете на сонце.
3. Не патувате
Светот е големо место и има толку многу места што треба да се видат. Па немојте да се плашите да прошетате и да видите што сè има да ви понуди.
4. Не се тргате од токсични пријатели
Пријателите треба да ве расположат, а не спротивното. Не заглавувајте со лоши пријатели.
5. Не сте го слушнале омилениот бенд во живо
Престанете да си кажувате дека ќе одите следниот пат. Ќе дојде денот кога ќе нема повеќе време и ќе зажалите што сте ја испуштиле вашата шанса толку многу пати.
6. Лесно се откажувате
Понекогаш работите се тешки, но тоа не значи дека треба да се откажете од вашите соништа. Продолжете натаму и никогаш не се знае, можеби наградата ќе биде повеќе од очекуваното.
7. Се грижите за сè
Грижата никогаш нема да среди нешто. Обидете се да ги прифатите работите онакви какви што се.
8. Не поминувате време со пријателите и семејството
Никогаш не знаете што може да се случи во животот. Прегрнете ги вашите сакани и поминувајте време со нив додека сè уште можете.
9. Не создавате контакти
Не знаете што може да се случи кога ќе ја сретнете вистинската личност. Излезете и создадете нови пријателства со вистинските личности.
10. Воопшто не ризикувате
Не испуштајте некоја одлична можност само затоа што се плашите од она што би можело да се случи.
11. Премногу работите
Дали кога ќе лежите на смртна постела ќе посакате повеќе да сте работеле на работата што ја мразите? Веројатно не.
12. Заборавате да застанете на ваша страна
Не дозволувајте да ве поттурнуваат. Понекогаш треба да се браните себеси и она во што верувате.
13. Не сте научиле да го правите омиленото јадење
Учењето на само еден одличен рецепт ќе ве направи главен готвач во семејството и меѓу пријателите.
14. Не ги слушате приказните на вашиот дедо
Нашите баби и дедовци имаат толку многу информации и знаење кое можат да ни го пренесат. Слушајте ги бидејќи никогаш не знаете што ново може да научите.
15. Не ги миете вашите заби
Забите се многу важни и потсетете се колку сте мизерни кога ве боли некој заб. Редовно мијте ги забите и целосно избегнете ја болката.
16. Гневни сте на вашите сакани
Гневот само ве повредува. Не трошете многу време лутејќи се некому за нешто што се случило одамна.
17. Живеете во минатото
Сегашноста е многу поважна. Оставете го минатото и фокусирајте се на она што е и она што ќе биде.
18. Заборавате да се поддржите
Вашите соништа и желби се важни. Не плашете се барем еднаш да одите по она што го сакате.
19. Премногу ги слушате мислењата на другите
Единственото мислење што е важно за вас и вашиот е живот е вашето.
20. Ги игнорирате советите на родителите
Тие навистина знаат повеќе.
21. Заборавате да кажете „Те сакам“
Многу е важно да им кажете на другите колку ви значат.
22. Не ја цените вашата убавина
Вие сте убави и однатре и однадвор. Трошите премногу време грижејќи се како изгледате наместо да ги цените работите кои ве прават уникатни.
23. Мрзливи сте на училиште
Образованието е премногу важно за да туку-така да го „откачите“. Обрнувајте внимание и можеби навистина ќе научите нешто.
24. Останувате на работно место кое е „ќорсокак“
Искрено, само си ги трошите времето и нервите.
25. Се покорувате на половите разлики
Не е важно дали сте маж или жена, вие можете да направите сè што сакате.
26. Не се грижите за вашето здравје
Вашето тело се грижи за вас најдобро што може, па зошто да не ја возвратите услугата?
27. Премногу се плашите од сè
Светот е страшен, знаеме. Но не дозволувајте тоа да ве спречува во исполнувањето на вашите желби.
28. Не сте научиле нов јазик
Да, тешко е, но вреди!
29. Додека сте млади мислите само за себе
Вие не сте центарот на универзумот.
30. Го трошите вашето време
Времето е кратко и премногу драгоцено за само залудно да го потрошите.
31. Заборавате на можноста за волонтирање
Волонтирањето е одличен начин да дадете нешто за возврат. Помогнете светот да стане подобро место и помогнете некому кому навистина му треба помош.
32. Не живеете во моментот
Ништо не е како сегашноста!
33. Не се опуштате на забавите
Нема ли да биде одлично барем еднаш вие да бидете „животот“ на забавата?
34. Дозволувате вашата култура да ве дефинира
Не е важно од каде сте и какво е вашето потекло. Вам ви е дозволено да правите што сакате и да бидете онаа личност каква што сакате да бидете.
35. Почнувате кавги
Кавгите се само огромно и залудно трошење на вашето време.
36. Не го надминувате стравот од јавен настап
Никој не сака јавно говорење, но зошто да не ризикувате и да му покажете на светот што можете?
37. Не цените
Навистина е лесно да ги испуштите сите добри работи во животот. Одвојте време за да го цените она што го имате.
Прочитајте ги и овие предупредувања за животот од луѓе во длабока старост.