35 нешта што жените денес ги сметаат за најнавредливи

35 нешта што жените денес ги сметаат за најнавредливи

Постојат многу позитивни страни да се биде жена, како фактот дека голем дел од нашите тела имаат магична способност да израснат ново човечко суштество и да создадат млеко за да го исхранат. Или пак, тоа што можеме да се соединиме како пол и да се бориме за тоа во што веруваме. Но, како и со сè друго во животот, има и многу лоши страни.

Разликата во платите кај мажите и жените е уште на високо ниво, па жените губат многу пари поради тоа. Од друга страна пак, иако постојано се бориме за ова, жените уште се казнувани во нивната кариера кога ќе решат да земат малку слободно време за да имаат деца. Сето ова се случува во 21-ви век!

Покрај овие големи проблеми, жените исто така се соочуваат и со некои секојдневни маки, предизвикани од луѓето околу нив. Со цел да се откријат најнавредливите 35, била спроведена студија на 2.000 милениумки ширум светот кои требале да одговараат прашања за нивните секојдневни животи. Еве ги нивните одговори:

1. Кога им испраќаат експлицитни фотографии, без тие да ги побараат

2. Кога плаќаат дополнителен данок за продукти за женска хигиена

3. Секоја изјава дека жените се лоши шофери

4. Прашањето дали минуваат низ „оној“ период од месецот

5. Кога не се платени исто колку нивните машки колеги

6. Кога им пристапуваат во бар само затоа што се излезени сами

7. Кога им пишуваат приватни пораки на Линкедин

8. Кога им велат да се расположат бидејќи „може никогаш нема да се случи“

9. Кога им велат да се смират малку

10. Кога им се обраќаат на нивните гради наместо на нив

11. Преработени фотографии од жени во Фотошоп

12. Кога им свиркаат на улица

13. Кога им велат дека им отчукува биолошкиот часовник

14. Прашањето кога планираат да останат бремени

15. Прашањето зошто уште немаат деца

16. Кога продавачите инсистираат да зборуваат со нивниот партнер наместо со нив

17. Кога политичарите дебатираат за правото на избор на жените

18. Кога им објаснуваат веќе разбирливи нешта

19. Кога ги нарекуваат „срце“, „мила“, „душо“ луѓе што не им се блиски

20. Кога партнерот едноставно ќе престане да им одговара на пораките

21. Претпоставката дека не се главата на семејството

22. Роденденски подароци за во кујна

23. Прашањето дали градите им се вистински

24. Трендот дека не треба да имате долга коса по 50 години

25. Изјавата дека имате добри колкови за породување

26. Кога се нарекуваат домаќинки

27. Кога им велат дека изгледаат одлично за нивните години

28. Кога ги оставаат со сопругите на пријателите на мажот

29. Кога келнерите претпоставуваат дека салатата е вашиот избор за оброк

30. Реклами против стареење

31. Кога шанкерот претпоставува дека сакаат послаб пијалак

32. Кога келнерот претпоставува дека мажот треба да ја плати сметката

33. Кога им пристапуваат за време на вежбање во теретана

34. Претпоставката дека треба да се смени презимето по бракот

35. Кога се очекува да го организираат сами семејниот календар

Прочитајте и за овие 10 страшни проблеми со кои жените секојдневно се соочуваат, а мажите не ги сфаќаат сериозно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар