30 совети за родителите од нашите баби и дедовци што се поучни и денес

30 совети за родителите од нашите баби и дедовци што се поучни и денес

Многу „старомодни“ совети за родители денес важат исто како порано. Многу е важно да ги воспитате децата правилно и да ги научите на почит и на многу други работи уште од рана возраст.

30 совети за родителите од нашите баби и дедовци што се поучни и денес

1. Бидете упорни

Ако кажете „вие двајца мора да престанете да се расправате или одете на спиење“, држете се до тоа.

2. Јадете заедно

Не можете да го направите тоа во текот на работните денови? Неделниот ручек исто така се брои.

3. Дозволете им на децата да учат од своите грешки

Домашната работа треба да се достави утре? Немојте вие да ја завршувате нивната работа. Дозволете им да научат дека еден ден нема да бидете тука за да ја сработите нивната работа. Најдобро ќе научат од сопствените грешки.

4. Испратете ги да играат надвор

Свежиот воздух никогаш не повредил никого.

5. Воспоставете куќни правила

Не е важно што им дозволуваат вашите пријатели на своите деца. Ова е вашата куќа и тука важат вашите правила.

6. Понекогаш е во ред да кажете „затоа што сум родител“

Не мора да му ја објаснувате на вашето дете секоја одлука што ќе ја донесете.

7. Нема привилегии

Децата мора да ги сносат последиците за лошите работи што ги направиле.

8. Понекогаш треба да им биде здодевно

Родителите треба да му обезбедат на детето храна, облека и сигурност. Но, ако им е досадно, не мора да ги забавувате по цел ден.

9. Понекогаш може да се забавувате без децата

Меѓу другото, не заборавајте на времето што треба да го поминете без децата. Организирајте пикник на отворено со партнерот или одете на романтична вечера.

10. Воспоставете време за спиење

Ова е многу важно, така што секој ќе може да се наспие и да биде одморен следното утро, наместо нервозен.

11. Ако не сака, не сака

Ако направите ручек, а вашето дете не го јаде тоа што е на масата, не вознемирувајте се. Дајте му две опции: земи или остави. Во спротивно, само нека најде друг избор.

12. Научете го да почитува

Не дозволувајте вашето дете да не ве почитува вас или некој друг. Децата учат од родителите, така што истото се бара и од вас.

13. Научете ги на добри манири

Многу е важно да ги научите децата како да се однесуваат. Научете ги да бидат учтиви и љубезни.

14. Научете ги да помагаат

Секое дете во куќата може да помогне нешто. Ангажирајте ги и научете ги уште од најмала возраст колку е важно секој да помага во куќата.

15. Бидете им добар пример

Вие сте најдобриот пример за вашите деца. Затоа, бидете внимателни што зборувате и како се однесувате.

16. Не дозволувајте да ги прекинуваат возрасните додека зборуваат

Исто така, не прекинувајте ги додека децата зборуваат. Оставете ги да завршат исто како што и тие не треба да ве прекинуваат.

17. Бидете родител, а не пријател

Може да се забавувате заедно, но треба да знаете кога да се однесувате како родител.

18. Гответе заедно

Ова е одличен начин да се поврзете уште повеќе, но и да го научите вашето дете на животните вештини што му се потребни.

19. Раскажете им семејни приказни

Покажете им ги вашите фотографии кога сте биле млади, раскажете интересни приказни.

20. Направете традиционални собири

На пример, за именденот на таткото, секоја година се прави скара на одредено место и слично.

21. Нека се дружат со бабите и дедовците

Тоа е добро и за вас и за нив.

22. Држете се до реченицата „не може секогаш да го добиеш она што го сакаш“

Нема посебен третман, дури ни за роденден. Ниту кога ќе направи нешто добро. Не смеете да попуштате.

23. Научете ги да се облекуваат соодветно

Многу е важно да ги научите децата дека кога одат на свадба, на погреб или на интервју за работа, мора да се облекуваат според пригодата.

24. Не заборавајте дека вие сте родителот

Кога ќе им кажете да ја исчистат просторијата, мора да ве послушаат.

25. Верувајте им на вашите инстинкти

Кога разговарате со докторот или со наставникот на вашето дете, верувајте им на вашите инстинкти за полесно да ја процените ситуацијата и да донесете одлука.

26. Научете ги да одржуваат хигиена

Многу е важно детето да научи од рана возраст како правилно да ги мие рацете и колку често да го прави тоа.

27. Научете ги да ги почитуваат постарите лица (и сите околу нив)

Ова е многу важно затоа што ако немаат почит кон постарите, ќе изградат многу лош карактер.

28. Покажете им како да им помагаат на луѓето во неволја

Волонтирајте заедно. Дозволете му на детето да учи од вас. Покажете му со пример.

29. Одредете време за играње

Децата треба да играат, но исто така треба да знаат кога е време за игра и кога треба да се вратат дома.

30. Научете ги да чистат сами по себе

На училиште, дома, кај пријателите и општо, во животот.

Прочитајте зошто тинејџерите ги одбиваат советите на родителите кога бараат решение за проблемите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

  1. Анонимен Reply

    Povekjeto se super, ama nekoi se bez smisla i zastareni

Остави коментар