30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30 - Part 3

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

21. Да користите пцовки

Бидете дами, а ако некој/нешто ве изнервира, културно кажете му каде му е местото.

22. Да бркате „лоши момци“

Знаете дека се извор на сите нервози и проблеми во вашиот живот. Тие се забавни додека сте тинејџерки, после тоа веќе ви треба стабилна личност.

23. Да останете во лоша врска

Не трошете го времето на врска која очигледно не ви годи и нема иднина. Не присилувајте се себеси да останете во врска поради која било причина.

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

24. Да претерувате со енергетските пијалаци или алкохол

Наместо тоа исцедете свеж сок од портокал и бидете физички активни. Благодетите се многу побројни. А што се однесува до алкохолот, иако го прави целиот свет околу вас многу поубав, не е во ред да бидете мамурни секој втор ден.

25. Да носите неудобни обувки

Не купувајте превисоки штикли во кои не можете да се движите само затоа што биле на попуст или затоа што ви одговараат на некое парче. Да, можеби тие се навистина тренди, но зошто да ја саботирате вашата способност да се движите нормално?

26. Да го запоставувате семејството

Семејството е на прво место. Точка.

27. Да спиете до пладне

Ќе се случи понекогаш, но не смее секогаш. Имајте дневна рутина и не го отспивајте денот кога може да направите толку многу нешта наместо да останете во кревет.

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30

28. Да праќате „пијани“ пораки

Помина времето кога бевте тинејџерки и знаевте да пратите по некоја „пијана“ глупост. Вие сте возрасни и независни жени, имајте самопочит.

29. Да носите само сигурни бои

Кремот и праска боја се навистина нежни и женствени, но одвреме-навреме „одлепете“ со некоја друга боја, чисто да разбиете монотонија.

30. Да озборувате

Покажете дека сте поголеми личности и не зборувајте зад грб. Знаете дека тоа е невкусно и дека сте многу подобри од тоа. Ако имате проблем со некого, кажете му го тоа во лице.

30 работи кои треба да престанете да ги правите пред да наполните 30


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар