3 златни правила за нанесување пудра кои секоја жена треба да ги знае

3 златни правила за нанесување пудра кои секоја жена треба да ги знае

Постојат неколку трикови за правилно нанесување течна пудра кои секоја жена треба да ги знае. На овој начин не само што ќе постигнете природен изглед, туку и ќе изгледате подобро од било кога претходно. Погледнете.

3 златни правила за нанесување пудра кои секоја жена треба да ги знае

Правило #1 – Пред нанесување на пудрата темелно измијте го лицето. Дури и најмалите нечистотии можат да придонесат таа да изгледа нерамномерно.

Правило #2 – Одлучете како ќе ја нанесете пудрата: со рака, со помош на сунѓерче или со четка.

  • Нанесување со рака: Со врвот на прстите малку загрејте ја пудрата, а потоа нанесете ја на лицето почнувајќи од вилицата нагоре кон носот, па сè до челото. Откако ќе ја нанесете, нежно тапкајте по кожата со цел да ја зголемите циркулацијата и да постигнете розов сјај.
  • Нанесување со сунѓерче: Прво нанесете мала количина од пудрата на вашата дланка, а потоа на сунѓерчето. Со негова помош нанесете ја на лицето на истиот начин како да го правите тоа со рака, од брадата кон челото. Доколку сакате да постигнете поблаг и потранспарентен ефект, натопете го сунѓерчето со вода пред нанесување на подлогата.
  • Нанесување со четка за шминкање: Со заоблена четка нежно масирајте ја пудрата на вашето лице, повторно започнувајќи од вилицата, кон образите, носот, па челото.

Правило #3 – За постигнување природен ефект, потребно е да ја изберете соодветната нијанса на пудра. Токму затоа секогаш одбирајте на дневна светлина и внимавајте таа да не биде премногу темна или светла во однос на вашата кожа!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар