3 заблуди поради кои ќе ја пропуштите можноста да го најдете совршениот партнер онлајн
Барањето љубов онлајн во некои земји е одамна хит, а и кај нас веќе сѐ поголем број луѓе им даваат шанси на социјалните мрежи со цел на таков начин да го запознаат потенцијалниот партнер. Ако се одлучите да се зачлените на кој било сајт за запознавање сродни души сигурно ќе се сретнете со некои заблуди кои уште на почеток можат да ве обесхрабрат. Овие 3 се најлоши и во нив секако не треба да верувате – барем додека не пробате.
1. Само губитниците бараат љубов онлајн
Кога би морале да го замислите просечниот корисник на некои од страниците за пронаоѓање љубов веројатно напамет би ви паднало дека изгледа вака: буцкав, неугледен и несмасен човек кој едноставно нема доволно храброст да зборува во живо со жена. Секако дека има такви, но поголемиот број сепак се нормални луѓе.
2. Ризикуваш средба со манијак!
Пријателите ви ја полнат главата со тоа дека момците од онлајн страниците за состанување, иако изгледаат како нормални луѓе, во живо се тотални манијаци. Во ред, дури и да налетате на некој таков, тоа не значи дека сите кои љубовта ја бараат онлајн се манијаци. Всушност на лудак можете да налетате и во секојдневниот живот, зар не?
3. Срамота е
Иако живееме во ера кога поголемиот дел од работите функционираат преку интернет, на луѓето и понатаму им е срам да признаат дека запознале некого онлајн. Но ако на ваков начин ја пронајдете љубовта на вашиот живот и со него/неа остварите прекрасна врска, дали воопшто е битно дали сте се запознале во реалниот или во виртуелниот свет?