3 вежби против болки во кичмата

3 вежби против болки во кичмата

Речиси и да нема некој што не почувствувал болка во кичмата во одреден период. Тој дел од телото честопати се запоставува при вежбањето, па затоа останува послаб. Овие неколку вежби се за почетници, нема премногу да ви го зајакнат долниот дел од грбот, но можат да спречат појава на болки поради неактивност.

Кобра

Оваа вежба за почетници можете да ја изведете така што ќе легнете на стомак, а потоа ќе се исправите на рацете и ќе ги истегнете стомакот и грбот. Обидете се да го оддалечите горниот дел од телото колку што можете понагоре, додека нозете целосно остануваат на подот.

3 вежби против болки во кичмата

Штица

Откако ќе го доведете телото во позиција за изведување склекови, горниот дел од телото потпрете го на лактите и останете мирно во позицијата како на сликата, без да мрдате. Многу е важно ’рбетот да ви биде целосно исправен.

3 вежби против болки во кичмата

Мачкино истегнување

Потпрете го телото на рацете и колената, при што ’рбетот ќе ви биде исправен. Потоа вовлечете ги стомачните мускули така што ќе го искривите грбот без да ги мрдате колената и рацете.

3 вежби против болки во кичмата


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар