3 ситуации во кои пријателите ги даваат најлошите животни совети
Пријателите се роднини кои самите си ги избираме, вели една поговорка и тоа е навистина така. Добрите пријателства траат цел живот и уживаме во нивниот благодет секогаш кога е тоа можно, а најмногу ни годи опуштеноста кога сме заедно.
Како и да е, колку и да ја почитувате светоста на пријателскиот однос и „подадената рака“ кога имате потреба, пријателските совети понекогаш може да имаат контра-ефект, а еве во кои случаи е тоа можно.
„Да бев на твое место…“
Како и да ја продолжите оваа реченица, ќе згрешите. Дури и кога пријателот ве прашува директно да му кажете што да прави или кога ќе ве праша што би направиле на негово место, нема смисла да одговорите.
Дали знаете зошто?
1. Затоа што тој не сте вие!
И не е важно што би правеле во истата ситуација затоа што не сте иста личност. Можеби имате различни животни приоритети или карактери. Можеби имате различни животни вредности и убедувања. Можеби му дозволивте на партнерот да ве изневерува затоа што сте сигурни дека заслужувате подобро, но пријателот не го чувствува истото. Можеби вашиот пријател може да си дозволи луксуз и да даде оставка кога сфаќа дека некоја работа не го исполнува, но вие во моментот немате таква можност. Можеби вашиот пријател има подобра финансиска или емотивна позадина, така што не е мудро да го направите истото што и тој во слична ситуација.
Ако вашите верувања, емоционална состојба или животна ситуација се драстично поразлични, можеби вашиот совет тој нема да може да го примени и ќе се чувствува уште полошо.
Затоа наместо директен совет поставете му прашање. Охрабрете го сам да открие што може да биде најдобро за него.
2. „Знам како се чувствуваш затоа што знам како се чувствував.“
Оваа е слична на претходната заблуда. Да речеме дека минавте низ развод пред 3 години и сега да претпоставиме дека вашиот пријател го доживува целото искуство исто како и вие. Но, секако, тоа е сосема луда претпоставка, затоа што повторно – вие не сте тој!
Можеби веќе неколку години сте биле емотивно поврзани, па затоа не сте го доживеале разводот толку тешко како него. Можеби вашиот пријател е порелигиозен или загрижен за тоа што ќе мислат другите, а вие сте послободна личност. Можеби за вас било посоодветно по разводот да се посветите на работата, но пријателот можеби само сака да се исплаче. И има право на тоа. Можеби вие сте имале 5, 6 претходни врски, а вашиот пријател вложил сè во бракот и идејата за класично семејство. Можеби постојат уште 500 разлики, но сосема е сигурно дека различните луѓе ги доживуваат истите животни случувања сосема поинаку. За нас, бракот или разводот или работата има едно значење, а за друг тие се сосема различни и целосно е ирационално да се претпостави дека сите нештата ги доживуваме на сличен начин.
3. „Таа/Тој е виновен, ти си супер…”
Друга вообичаена пријателска грешка е што пријателот секогаш стои на ваша страна. Секогаш другите се виновни. Сфаќате дека тој има добра намера затоа што ви е тешко и тој сака да ве утеши, а најдобриот начин на го направи тоа е да обвини некој друг.
Така, пријателите честопати ги критикуваат партнерите на своите пријатели. Веднаш штом имаат проблем со врската, тие автоматски го напаѓаат партнерот. Но, немојте да бидете толку лојални. Можеби и вашиот пријател нешто згрешил. Не треба секогаш само да навивате за него, понекогаш треба да му покажете и „жолт картон“. Затоа што понекогаш самите сме одговорни за проблемите. И, ако нашите пријатели ни се слепо лојални, тогаш нема ништо да научиме од ситуацијата.
Можеби ќе сакате да ги следите и овие 5 совети што ќе ви помогнат да имате добри односи со секоја личност со којашто сте во конфликт.