3 шик бохо фризури за топлото време!
Како што времето станува сè потполно, така сè повеќе избираме полесни комбинации, но не секогаш е лесно да се пронајдат и интересни фризури. Баш поради тоа, денес со вас споделуваме 3 неодоливи идеи за доста интересни фризури во бохо стил. Овие фризури се идеални за дневни, но и за вечерни излегувања, односно за секоја прилика во која сакате да изгледате лежерно, релаксирано и шик.
1. Незадолжителна плетенка
На коренот на косата нанесете производ кој ќе ѝ даде волумен, а потоа извиткајте ја целата коса со помош на фигаро или преса за коса. Водете сметка за прамените кои се во близина на лицето и нив извиткајте ги така што ќе ги отстраните од таму, а потоа нанесете малку восок за стилизирање.
Соберете ја косата и врзете ја во ниско коњско опавче од едната страна. Не грижете се за тоа доколку некој прамен стрчи или излегол од опавчето. На крај, сплетете плетенка, која со помош на восокот не би требало да биде комплицирана за плетење, ниту да се лизга.
Додека ја плетите плетенката, секако, обидете се таа да не биде премногу затегната, но доколку сте ја затегнале малку повеќе од потребното, со помош на раката олабавете ја.
2. Разуздена, жито плетенка
Во коренот на косата, повторно нанесете производ кој ќе ви даде дополнителен волумен. Можете да се послужите со малку восок за коса, кој ќе ви помогне таа да не ви „бега“ додека ја делите на два дела.
Следен чекор е плетењето на жито плетенката. Таа само делува комплицирано, но воопшто не е. Најважно е да плетете со помали прамени и да ги преклопувате од левата и десна страна. Исплетете ја на една страна, а на крај напрскајте ја со малку лак за коса за да не се растури.
Не заборавајте дека таа треба да изгледа опуштено и лежерно.
3. Бохо круна
Со помош на малку восок за коса, направете патец над увото, односно малку пониско отколку што најчесто го правите. Потоа со раката земете неколку тенки прамени. Исплетете плетенка околу главата, колку што ви е долга косата, а потоа прицврстете ја со ластик за коса.
Доколку вашата коса е доволно долга, префрлете ја плетенката околу главата, па зацврстете ја со шнола. Но доколку не е, спојте го крајот на првата плетенка, а потоа исплетете нова, а сето тоа зацврстете го со шноли.
Со помош на чешел лесно издвојте неколку прамени за фризурата да го добие потребниот бохо ефект.
На крај, испрскајте ја плетенката со лак за коса.