3 причини зошто оженетиот маж никогаш нема да ја остави својата сопруга поради вас
Ако сте жена која има афера со оженет маж, време е да се соочите со реалноста: тој никогаш нема да ја остави својата сопругата поради вас. Во продолжение прочитајте зошто не треба да си го губите времето со оженет маж.
1. Тој веќе има сè што му треба
Зошто би ги оставил сопругата и децата?
Тој поминува прекрасно време со вас без никакви обврски или одговорност, а потоа си оди дома и игра со своите деца. Тоа е идеална ситуација за еден маж.
Има сопругата што му готви, што чисти по него и што се грижи за неговите деца, а има и љубовница што се грижи за него и за другите негови потреби.
Тој има две девојки што прават сè за него и ужива во тоа.
2. Разведувањето е премногу болно и скапо
Размислете за последиците од разводот – измачување со адвокатите, расправии, вознемиреност на децата, финансиски товар и низа други проблеми предизвикани од разводот.
Зошто би се ставил себеси и своето семејство во таква ситуација ако не мора? Изгледате среќно и задоволно кога гледате дека тој може да ве вклопи во својот распоред, па зошто би ја напуштил својата сопруга?
3. Ако сакал да ја остави својата сопруга, ќе ја оставел досега
Ако тој човек ве сака толку многу, ќе беше подготвен да ги поднесе болниот развод и вознемиреноста на децата и досега ќе го напуштеше семејството.
Тој не ја оставил својата сопруга затоа што не сака да ја остави.
Откако ќе откриете дека тој никогаш нема да ја напушти својата сопруга, што треба да направите? Многу едноставно, поставете му ултиматум.
Тоа што тој го прави не е фер ни за вас, ни за неговата сопруга, ни за неговите деца. Поставете му ултиматум да избере помеѓу вас и неговата жена. Не дозволувајте да бидете само „другата жена“. „Другата жена“ никогаш нема да успее. Таа никогаш нема да го добие човекот што го сака.
Сè што ќе направи е да го потроши својот живот чекајќи маж кој никогаш нема да биде нејзин и ќе пропушти многу можности да најде маж кој ѝ е посветен само нејзе. Вие заслужувате маж што ќе биде само ваш.
Прочитајте како да откриете дали вашиот партнер е со вас само затоа што не нашол некоја подобра.