3 причини зошто дарувањето крв е добро за вашето здравје
Во светот се донираат 92 милиони дози крв годишно, а со едно дарување можат да се спасат и до 3 животи. Отприлика половина од крвта се донира во земјите со високи приходи каде што живее само 15% од популацијата.
Нема како да се произведе крв. Единствениот извор на крв е човекот, односно дарувањето крв. За брзо, квалитетно и сигурно лечење на болните потребно е секогаш да има доволен број крводарители, а со тоа и доволна залиха на крв.
Ако досега не сте се одлучиле на добротворно дарување крв, можеби ви е потребна дополнителна мотивација. Всушност, дарувањето крв е одлично за вашето здравје. Не само што ќе спасите туѓ живот, туку можете да го спасите и вашиот.
1. Редовното дарување крв е поврзано со помал ризик од инфаркт
На оваа тема се напишани неколку научни трудови. Научно е потврдено дека крводарителите поретко страдаат од инфаркт.
2. Одредување на здравјето на крвта
Со секое дарување крв се одредува крвната група и се прават лабораториски тестови за хепатит Б, Ц, ХИВ, сифилис и слично. Краткиот медицински преглед исто така е дел од дарувањето. Покрај тоа забележано е нешто интересно во врска со постарите крводарители. Со текот на годините се намалува еластичноста на вените и тие ослабуваат. Поради ова постарите крводарители се чувствуваат многу подобро откако ќе даруваат крв.
3. Чувство на самопочит за долг и квалитетен живот
Повеќето крводарители даруваат крв бидејќи едноставно сакаат да им помогнат на другите. Ова им дава чувство на сампочитување кое пак има одлично влијание на нивното здравје.