3 пара чевли во кои вреди да вложите пари оваа есен
Во чевлите, исто како и во врските, вложуваме доколку сме сигурни дека ќе траат. Меѓутоа, многу е тешко да се најдат удобни, модерни и финансиски прифатливи обувки кои истовремено ќе бидат и квалитетни. Денес ви предложуваме три пара кои со сигурност ќе ви траат, а можете да ги носите со различни комбинации…
1. Кратки чизми во неутрална боја
Овие чизми со сигурност ќе ви прилегаат со секоја модна комбинација. За да изгледате поелегантно, можете да изберете чизми на штикла, но таа не мора да биде тенка и неудобна. Одлучете се за штикли кои ќе ви одговараат на ногата и во кои ќе ви биде пријатно.
2. Балетанки
Балетанките се совршен избор за на работа, затоа што ви ја нудат потребната удобност, додека истовремено со нив можете и лесно да одите и да ги извршувате напорните задачи. Исто така ако по завршувањето на работното време сакате да се наградите себеси со одење во некое кафуле, балетанките совршено ќе се вклопат во таа весела атмосфера!
3. Штикли со каиш
Доколку вложите пари во штикли со каиш, ќе бидете сигурни дека секогаш ќе сте стабилни. На овој начин ќе го избегнете лизгањето на стапалата што е особено важно доколку не сте вешти во одењето на високи потпетици.