3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

Интервјуата за работа се настан при кој што оној кој вработува сам себе се поставува во позиција да бара да биде импресиониран од кандидатот. Ако потенцијалниот работник биде доволно умешен и изигра како што обично очекува потенцијалниот работодавец, овој вториот ќе предвиди дека тој е вистинскиот работник за неговата компанија и ќе го прими пред оние кои не успеале да импресионираат или излажат во тие неколку минути. При тоа, работодавецот предвидува исклучиво според одговорите дадени на прашањата за кои смета дека се оние кои за неколку мигови ќе му дадат слика за тоа што може да очекува од кандидатот во следните неколку години.

Лиз Рајан, менаџер за човечки ресурси и автор за магазинот Форбс, смета дека прашањата кои најчесто се поставуваат на интервјуата за работа се глупави и дека нормален човек никогаш не би ги дал одговорите кои работодавците сакаат да ги чујат за да бидат воодушевени. Еве како според неа би изгледало едно интервју за работа помеѓу работодавач кој поставува глупави прашања и кандидат кој дава искрени и остроумни одговори.

3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

Прашање: Покрај сите други талентирани кандидати, зошто би требало да ве вработиме токму вас?

Стандарден глупав одговор: Затоа што сум паметен, многу вреден работник и им помагам на оние на кои им треба помош.

Нестандарден човечки одговор: Одлично прашање! Тоа всушност е целта на ова интервју, да сфатите зошто треба да ме вработите токму мене. Јас не сум разговарал со другите кандидати со кои што вие сте разговарале или ќе разговарате, а како врв на сè вие сте експертот во ова поле и културата на компанијата. Да бидам искрен, не знам зошто треба мене да ме вработите. Би било неодговорно од моја страна да дадам нелогичен одговор на ова прашање. Но, ако работиме заедно во иднина, сигурно ќе сфатите зошто требало баш мене да ме изберете пред другите кандидати.

3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

Прашање: Која е вашата најголема слабост?

Стандарден глупав одговор: Перфекционист сум, понекогаш и премногу самокритичен и воркохолик.

Нестандарден човечки одговор: Порано сметав дека имам слабости, во смисла дека постојат нешта кои не ги правам многу добро и би требало да се подобрам во врска со нив. Со текот на времето сфатив дека треба да се фокусирам на работите кои умеам да ги правам добро затоа што нема смисла да се подобрувам за еден или два проценти за работи кои не ме интересираат. Затоа не се занимавам со одредени работи, како на пример (нешто што не ве интересира), туку повеќе се фокусирам на она што сакам да го правам, како на пример (нешто што ве интересира). Сметам дека тоа е многу подобар начин да се потроши енергијата.

3 паметни одговори на 3 глупави прашања од интервјуата за работа

Прашање: Каде се гледате себеси после пет години?

Стандарден глупав одговор: Ако имам среќа, ќе работам овде на некоја повисока позиција.

Нестандарден човечки одговор: Животот се живее многу брзо и е многу неизвесен. Не правам долгорочни планови затоа што тоа ми ги ограничува новите можности кои излегуваат во меѓувреме. (Нешто што ви е страст и е поврзано со работното место) ми е страст и сигурно ќе работам нешто што ми е страст и после пет години, ако сум сè уште жив. А вие?

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. Marjan Reply

    Odgovor na prvoto prasanje:Odgovorot bi trebalo da go znaete vie, a toa ke go doznaete otkako ke pominat site kandidati.Mi treba rabotata, ke ja rabotam spored pravilata i standardite koi gi imate vo kompanijata.Kolku sum talentiran i sposoben ke ocenite vie, a jas mozam da se falam do beskraj i nazad.Kako i da e, blagodaram na moznosta za intervju.
    Ogovro na vtoroto prasanje:Najgolema laga bi bilo da kazam deka nemam slabosti, no toa odi vo paket so rabotnoto iskustvo i stepenot na obrazovanie.Ako mi dadete sansa ke vidite deka salbostite mi se covecki i prifatlivi.
    Treto prasanje: Vo ovie vreminja 5 godini se dolg period. Ako ste vie zadovoln i od mene i jas od vas, najverojatno vo vasata kompanija.Vo trka za poveke pari i podobar zivot, se e mozno.

Остави коментар