3 нови идеи за украсување велигденски јајца без употреба на бои

3 нови идеи за украсување велигденски јајца без употреба на бои

Никогаш не е доста од идеи за украсување на велигденските јајца. Ако барате нов начин за украсување и тоа без користење бои, овие 3 едноставни идеи ќе ви бидат од голема помош.

1. Машни

3 нови идеи за украсување јајца без употреба бои

Машните се секогаш одличен избор за украсување. А ако сакате да им додадете посебна убавина на велигденските јајца, тогаш оваа идеја е совршена за вас. Потребна ви е декоративна лента која треба само да ја заврзете околу јајцата. Можете да ја заврзете на која страна сакате. Одберете лента со некоја весела боја како жолта, виолетова, тиркизна и слично.

2. Посребрени јајца

3 нови идеи за украсување јајца без употреба бои

За оваа идеја потребен ви е само фломастер со сребрена боја. Можете да нацртате мали или големи точки, линии, или какви било форми. Ослободете ја вашата фантазија и направете ваш уникатен дезен.

3. Јајца во форма на децата на цвеќето

3 нови идеи за украсување јајца без употреба бои

Ако сакате вашите јајца да изгледаат како мали слатки ликови, ќе ви бидат потребни црн, црвен и бел фломастер за цртање, конец, волница и неколку цветови. Косата направете ја со конецот или волницата, а од цветовите направете венчиња за главите. Децата на цвеќето се симбол за мир и љубов, па се совршен украс за вашиот дом.

Погледнете ги и овие идеи за уникатна декорација на велигденски јајца.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар