3 навики што имаат големо влијание врз развојот на мозокот на вашето дете
Ако сте родител, јасно ви е колку се важни првите години од животот на вашето дете. Во текот на овие години можете да направите трајно влијание врз неговиот живот. Најважно, можете да влијаете на развојот на неговиот мозок. Постојат многу фактори кога станува збор за развојот на мозокот на вашето дете. Сепак, некои навики се од голема важност бидејќи ќе ви помогнат во тоа.
Едно истражување имало за цел да открие како три критични навики влијаат на когнитивниот развој на децата на возраст од 8 до 11 години. Навиките се спиење, вежбање и време поминато пред екран. Се користел водич за секоја активност:
- Спиење: Помеѓу 8 и 11 часа.
- Вежбање: 60 минути умерена физика активност.
- Време поминато на екран: Два часа за рекреација.
Биле тестирани над 45.000 испитаници за јазикот, меморијата, брзината и други когнитивни фактори со помош на разни вежби. Изненадувачки е што само 5% од испитаниците ги исполнувале сите услови од водичот за активностите, а дури 29% не исполнувале ниту еден.
Воглавно, истражувањето открило дека следењето на водичот за активности предизвикало зголемен перформанс, односно децата што ги изведувале сите активности имале подобри резултати од речиси сите други испитаници.
Но, немало разлика во перформансот кај децата кои го испуштале само вежбањето или спиењето. Ова значи дека комбинацијата од овие две може да предизвика најмногу проблеми. Уште поважно, истражувањето открило дека децата кои минувале повеќе од препорачаните 2 часа пред екран имале послаби резултати за разлика од децата кои го следеле водичот.
Сигурно се прашувате како да ги искористите овие податоци во корист на вашето дете. Овие три навики се навидум едноставни, па поради тоа ќе си помислите дека сте се справиле со нив. Но понекогаш вистината е друга.
Кога станува збор за спиењето, не е важен само бројот на часови, туку потребно е да ја дознаете шемата на спиење на вашето дете и неговите навики бидејќи можат да имаат влијание на квалитетот на сонот.
Физичката активност е многу повеќе од тоа да излезете надвор. Потребно е да откриете кој вид активност го прави вашето детето среќно, со цел таа да му стане приоритет.
Времето поминато пред екран можете да го претворите во време за учење. На Интернет постојат бројни видеа, програми и документарци за деца кои ќе му помогнат на детето да научи нешто додека се забавува. Во ред е детето да минува време пред екран и за рекреација, но најдобро е ако е во комбинација со учење.
Кога добро ќе размислите за овие навики и ќе ги примените во животот на вашето дете, ќе создадете вистинска разлика во неговиот развој.
Погледнете и како да ја поттикнете емоционалната интелигенција кај вашите деца.