3 намирници кои мора да ги јадете секој ден доколку сакате да ослабите
Сигурно досега сте прочитале за многу диети, како и откажувања од одредени јадења со цел да ја намалите телесната тежина. Но, тоа што можеби не сте го знаеле е дека следниве прехранбени продукти содржат одредени состојки кои го забрзуваат процесот на слабеење, па корисно е да ги консумирате секојдневно.
1. Зеленчук
Доколку сакате да имате совршено тело, зеленчукот мора да биде составен дел од вашиот ручек, бидејќи ги обезбедува неопходните витамини, минерали и фитохемикалии. Во процесот на слабеењето посебно ќе ви бидат од корист зеленчуците со висок процент влакна, како брокулите, прокељот, спанаќот, грашокот, пченката и леќата, па најдете начин да вметнете во секојдневното мени на исхрана.
2. Безмасни протеини
За полесно да слабеете, пробајте со безмасните протеини, кои подолго време ќе ве држат сити во однос на јаглехидратите и заситените масти. Најдобро е во вашето мени на исхрана да вклучите пилешко, мисиркино и телешко месо, како и јајца, лосос, бакалар и туна.
3. Интегрални житарици
Доколку сакате да јадете леб, а истовремено и да слабеете, не мора целосно да се откажете од него, но треба да го замените со леб од интегрални житарици. Многу истражувања потврдуваат дека луѓето кои јадат 2 до 3 порции интегрални житарици дневно, имаат 2,4 проценти помалку телесни маснотии и 3,6 проценти помалку абдоминални маснотии од луѓето кои воопшто не ги консумираат.
Едно парче леб од интегрални житарици е еднакво на една потребна порција, па за ручек слободно можете да изедете еден сендвич. Дополнително со интегралните житарици може да јадете овес, булгур, киноа и ориз.